Во последните 24 часа се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 1
-
Македонија 19.08.2021 19:32
-
Македонија 19.08.2021 17:22
Предизборни комбинации и пораки
Треба да се обраќаме еднакво кон сите етнички заедници, а не како Мицкоски само кон една – критикува премиерот Зоран Заев. Смета дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ е заглавен во националистичкиот пристап, што не е дозволено во една мултиетничка држава.
-
Македонија 19.08.2021 17:09
Се бараат решенија за граѓаните без лична карта
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски по седница на Комисијата посочи дека доколку на граѓаните им е истечена важноста на личната карта, а не посдедуваат пасош, тогаш мора да се преземат дополнителни активности за изнаоѓање други решенија.
-
Македонија 19.08.2021 16:05
Мерките ги испразнија кафулињата во Куманово
Кафулињата, обложувалниците, поголемите маркети во Куманово се полупразни. Во овие објекти од вчера влегуваат само лица со приложен серфитикат за примена најмалку една вакцина против Ковид- 19, или доказ дека болеста е прележана пред 45 дена.
-
Македонија 19.08.2021 15:43
Кичевската болница се полни, најмладиот пациент има 21 година
Делта сојот ја полни и кичевската болница. Сериозна е состојбата, најмладиот хоспитализиран пацинет е 21 година. Секојдневно се прегледуват околу 100 пациенти, вели првиот човек на болницата, д-р Станко Трпески.
-
Македонија 19.08.2021 15:16
Продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинетите не чувствуваат вина
Апсолутно не се чувствувам виновен и верувам дека тоа ќе го констатира и судот, изјави екс директорот на УБК Сашо Мијалков кој е еден од шестемина обвинети во случајот со незаконското купување на земјиште на Водно.
-
Македонија 19.08.2021 14:30
Мерките го зголемија интересот за вакцинација, ЕУ ги прифати македонските сертификати
Рестриктивните мерки го зголемија интересот за вакцинација. Гужви на пунктовите. Најбројни младите, малолетните во придружба на родител, во поликлиниката „Букурешт“ од раните утрински часови чекаа прва доза вакцина.
-
Македонија 19.08.2021 13:53
МНР: Од синоќа, сите граѓани на Северна Македонија се евакуирани од Авганистан
Министерството за надворешни работи информира дека успешно е завршен процесот на евакуација од Авганистан и на последните државјаните на Република Северна Македонија, а кои поради ангажманот при НАТО базата во Кабул беа последни во распоредот за евакуација.
-
Македонија 19.08.2021 13:07
Заев: Ако не се донесе законот, постои можност за гласање и со истечена лична карта
Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица, иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејстиве од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање.
-
Македонија 19.08.2021 12:50
УНИЦЕФ ја поздрави одлуката за почеток на учебната година со физичко присуство
УНИЦЕФ ја поздравува одлуката на Владата за отворање на училишните врати во септември. Оттаму децидни дека училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, кога тоа е безбедно.









