132- ца загинати и над пет илјади повредени во сообраќајни несреќи е црниот биланс на македонските патишта во изминатата година. Ова е последица од неодговорното однесување, велат надлежните. И граѓаните признаваат, сообраќајна култура е на многу ниско ниво.
-
Македонија 11.08.2020 13:58
-
Македонија 11.08.2020 13:50
Вкупно 22 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 11.08.2020 13:10
Продолжуваат преговорите за нова влада
Лидерите на СДСМ и ДУИ, како и нивните работните групи, и натаму во целосна дискреција ги водат преговорите за мнозинство што треба да ја формира новата влада. Ни Заев ни Ахмети по средбата во Собранието не открија дали пречка за напредокот во разговорите е барањето на ДУИ за премиер Албанец.
-
Македонија 11.08.2020 13:05
Состанокот за протоколите за настава е одложен
Состанокот на кој требаше да се утврдуваат протоколите и моделите за начинот на реализирање на наставата од 1-ви септември не се одржа.
-
Македонија 11.08.2020 12:59
Авионот од Скопје го вклучи алармот во Финска
24-те позитивни на Ковид-19 од 157 патници на летот од Скопје за Турку го вклучија алармот во Финска. Земјата објави дека ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од земјите со висок ризик, меѓу кои е и Македонија.
-
Македонија 11.08.2020 11:33
Куманово: Полуподземни контејнери за справување со сметот
Со полуподземни контејнери Општина Куманово и јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе го решаваат проблемот со сметот. Во тек е јавниот оглас за набавка на новите садови кои ќе бидат поставени на неколку локации во централното градско подрачје.
-
Македонија 11.08.2020 11:26
Продолжува состанокот на Комисијата за заразни болести и МОН за протоколите за наставата
Ќе има ли денеска одлука како ќе се одвива наставата во новата учебна година од први септември?! Комисијата за заразни болести го продолжува состанокот. Вчера не беше донесена одлука за стартот на учебната година, но главната насока е задолжително носење заштитна опрема и одржување растојание.
-
Македонија 11.08.2020 11:22
МЗ: Само двајца од патниците кои пристигнале во Финска се македонски државјани
Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, инфо
-
Македонија 11.08.2020 11:17
МВР: Регистрирани 392 прекршоци за неносење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.08.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 392 прекршоци.
-
Македонија 11.08.2020 10:33
Владата денеска ќе одржи седница
Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12:00 часот, ќе одржи седница преку видео-конференциска врска, соопшти владината прес- служба.
За заклучоците од седницата, прес- службата ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.







