Пристигнува седмиот контигент составен од 20 полициски припадници од Словачка кој заедно со македонската Полиција и Армија ќе продолжат со контролирање на македонско- грчката граница за спречеување на илегалната миграција.
-
Македонија 05.04.2017 11:26
-
Македонија 05.04.2017 10:49
Руска библиотека на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“
Се отвора Руска библиотека на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Извршниот директор на Рускиот фонд Владимир Кочин ќе подари 1.100 книги на високообразовната установа.
Библиотеката ќе биде отворена за читателите во рамките на Рускиот центар при Универзитетот.
-
Македонија 05.04.2017 10:30
Иванов во дводневна посета на Турција
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е во дводневна работна посета на Република Турција каде што ќе учествува на Евроазискиот економски самит на тема „Човештвото на крстопат“.
-
Македонија 05.04.2017 08:49
Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Стразбур ќе учествува на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.
-
Македонија 05.04.2017 08:48
Осмо продолжение на конститутивната собраниска седница
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 04.04.2017 17:00
Државниот инспекторат со пријава за кривична постапка за труењето со храна во „Леар“
Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Јавното обвинителство поднесе пријава за поднесување кривична постапка за неодамнешното труење во тетовската фабрика „Леар“.
-
Македонија 04.04.2017 16:14
Грчки медиуми: И Туск не успеа да го убедни Иванов да ја промени одлуката
Или мандат за Зоран Заев или меѓуетнички тензии и „блокада“ на и така блокираната интеграција на Македонија во Европската Унија. Вака грчките медиуми ги толкуваат пораките од посетата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск на Македонија.
-
Македонија 04.04.2017 16:09
„Социетас Цивилис“: На СЈО му е потребно време да се справи со корупцијата
Постојното Јавно обвинителство потфрли во борбата со високата корупција што придонесе за создавање на Специјалното обвинителство, велат од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. На Специјалното обвинителство ќе му треба време во разбивањето на корупцијата.
-
Македонија 04.04.2017 15:48
„Отпорно Скопје“: Петгодишна стратегија за климатски промени
Намалување на ризиците во домувањето, здравството, туризмот, транспортот се неколку од секторите во кои што ќе бидат преземени мерки со цел ублажување на влијанието на климатските прмени. Ова го предвидува новата петгодишна стратегија за климатските промени насловена „Отпорно Скопје“.
-
Македонија 04.04.2017 14:25
Бејли: Избор на собраниски спикер и брзо формирање влада
САД го признава македонскиот идентитет и го користи уставното име на земјата. Вака американскиот амбасадор Бејли ја коментираше актуелната политичка состојба во земјава, но и релациите со некои од соседите.









