Повторно е отворена грчко- македонската граница за транзит на бегалците кај граничниот камен 59 во близина на Гевгелија. Од синоќа границата беше затворена поради информациите кои пристигнуваат од земјите северно до Македонија за преполните бегалски кампови.
-
Македонија 28.01.2016 10:23
-
Македонија 28.01.2016 10:02
Магла и видливост до 50 метри
Иако метеролозите најавуваат сончево и топло време, забележана е густа магла особено низ котлините во земјава. Видливоста на одредени патни правци е од 50 до 100 метри- во Скопје, Тетово, Куманово, Македонски Брод, Делчево, Неготино и во Петровец.
-
Македонија 28.01.2016 10:00
Пребивање на субвенции со долгови
Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на субвенциите.
-
Македонија 27.01.2016 16:26
Собранието го одобри Буџетот за СЈО
Собранието на Република Македонија денеска со 64 гласа „за“ и 1 воздржан ја усвои Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со која се обезбедуваат средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење криви
-
Македонија 27.01.2016 15:51
Холокаустот не смее да се повтори
Скопје се сеќава на ужасите од депортацијата на 7.144-те македонски евреи во треблинка. На меѓународниот ден испратена порака - Холокаустот да биде поттик и лекција, преку изучување на трагичните настани, младите да не го заборават протерувањето на евреите.
-
Македонија 27.01.2016 15:45
Владата усвои заклучоци поврзани со работењето на ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, на вчерашната седница, Владата на Република Македонија за спроведување на изборите усвоила повеќе заклучоци кои произлегле од првата работна координативна средба на Владата и членовите на Државната изборна комисија (ДИК), кои се во на
-
Македонија 27.01.2016 15:40
Од 1-ви февруари електронска заверка за ортопедско помагало
Директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски денеска најави дека февруари ќе биде месец на електронски услуги и ја објави првата е-услуга што се однесува на осигурениците кои користат ортопедски помагала.
-
Македонија 27.01.2016 14:41
Презентиран кодексот за професионални и етички принципи на МРТ за медиумско покривање на изборите
Јавниот радиодифузен сервис ја презема обврската да биде избаланисран и непристрасен во известувањето на изборите и да не дискриминира ниту една политичка партија, коалиција или независен канидат – ова е целта на етичките и професионалните принципи на МРТ според примерот на БИ- БИ- СИ.
-
Македонија 27.01.2016 14:07
Стратегија за развој на полицијата 2016-2020: Професионална полиција по европски стандарди
Силна и професионална полиција по европски стандарди, почитување на правата на граѓаните - ова се дел од стратешките цели во Стратегијата за развој на полицијата. Фокусот е на зајакнување на граничниот дел и борбата против криминалот со современи истражни методи.
-
Македонија 27.01.2016 13:18
Суспендирани одлуките за разрешување 15 директори
Управниот суд донесе привремена мерка за суспендирање на одлуката на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, за разрешување на 15 директори на Центрите за социјална работа и јавните установи.
По одлуката, сите директори ќе бидат вратени на работа.










