Претстојната шеста сезона од ТВ серијата „Куќа од карти" ќе биде и последна, најавија од Нетфликс.
Оваа вест следи по обвинувањата кон глумецот Кевин Спејси за сексуално вознемирување кое се случило во 1986 година, но одлуката не е поврзана со тој случај, тврдат добро упатени извори.





