Според украински извори во Херсон, кој е под руска окупација, во артилериски напади загинале повеќе од сто чеченски војници.
-
Свет 26.10.2022 09:57
-
Свет 26.10.2022 09:04
Бугарскиот претседател ја почнува серијата консултации за состав на новата влада
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија.
Први на консултации ќе бидат повикани претставници од најголемата партија во народното собрание – ГЕРБ-СДС.
-
Свет 25.10.2022 20:49
Киев ги повика бегалците зимата да ја поминат во странство
Украинските власти денеска ги повикаа бегалците кои поради војната ја напуштиле земјата, да не се враќаат дома зимава поради оштетувањата на системите за снабдување со електричната мрежа и на инсталациите за затоплување.
-
Свет 25.10.2022 17:21
За 23 отсто зголемен број на смртни случаи од Ковид-19 во Грција
За една седмица за 23 отсто се зголемил бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција, додека пак за четири проценти се намалил бројот на заразени, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).
-
Свет 25.10.2022 16:58
Најмалку десетмина загинати во Египет при судар на камион и минибус
Најмалку десет лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во Египет при судар на камион и минибус, соопштија властите.
-
Свет 25.10.2022 13:47
Сунак и официјално нов британски премиер
По приемот кај Кралот Чарлс Трети, Риши Сунак и официјално стана премиер на Обединетото Кралство. По средбата во Бакингемската палата со монархот, Сунак го одржа и својот прв говор на „Даунинг стрит број 10“. Во фокусот – економијата.
-
Свет 25.10.2022 12:23
Прв говор на Риши Сунак како премиер на Велика Британија
Новиот британски премиер Риши Сунак на средба во Бакингемската палата со Кралот Чарлс Трети.
На Даунинг Стрит го одржа својот прв говор како лидер на владиниот кабинет и Конзервативната партија.
-
Свет 25.10.2022 11:58
САД и Киев негираат сценарио со „валкана бомба“
Руското МНР тврди дека Украина веќе почнала да го спроведува наводниот план за провокација со употреба на т.н. „валкана бомба“. Москва го повика генералниот секретар на ОН Гутереш да го спречи ова сценарио.
-
Свет 25.10.2022 10:19
Заздравување на британската економија- прва задача на новиот премиер Риши Сунак
Милијардерот Риши Сунак е новиот британски премиер по назначувањето за лидер на конзервативната-унионистичка партија. Ќе служам со интегритет и скромност, рече во првото обраќање поранешниот министер за финансии, инаку натурализиран Индиец.
-
Свет 25.10.2022 09:50
Неделава потпишување на договорот со Израел за морската граница
„Договорот за морска граница меѓу Израел и Либан, склучен со посредство на САД, ќе биде потпишан в четврток“ – соопшти израелскиот премиер Лапид, додавајќи дека неговата земја наскоро ќе стане важен снабдувач на гас за Европа.










