Најмалку две лица загинаа, а цела Куба остана без струја откако ураганот Иан удри во западниот брег на островот. Поројните дождови и силниот ветер оштети многу објекти низ земјата.
-
Свет 28.09.2022 08:53
-
Свет 27.09.2022 18:24
„Иан“ ја погоди Куба, Флорида се подготвува за можна катастрофа
Поројниот дожд и силниот ветер на разорната бура Иан ја погоди западна Куба. Во следните неколку часа ќе удри и на териториите Артемиса и Мајабеке. Евакуирани се над 50 илјади луѓе. „Не преместија од едена во друга соба, поради стаклените прозорци“, вели една жителка.
-
Свет 27.09.2022 17:34
Мелони со убедливо мнозинство
Италијанската крајнодесничарска партија „Браќата на Италија“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 насто од гласовите на изборите. Нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажуваат конечните резултати од парламентарните избори.
-
Свет 27.09.2022 12:58
ДАРТ успешно удри во астероид
НАСА успеа да го спроведе првиот тест за одбрана на Земјата. Сондата ДАРТ удри во астероид при пробата за безбедно пренасочување на небесните тела кои се можна закана за Земјата.
-
Свет 27.09.2022 12:08
Референдумите финишираат, битките продолжуваат
Привршуваат референдумите во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск и во регионите Херсон и Запорожје. Украинските и руските сили и натаму водат битки во различни делови на Украина. Украинската војска извести за напади на исток, во регионот Харков.
-
Свет 27.09.2022 10:05
Јапонија се простува од поранешниот премиер Шинзо Абе
Јапонија денеска се простува од поранешниот премиер Шинзо Абе кој беше убиен во јули.
-
Свет 27.09.2022 09:43
Иран формира специјални судови за демонстрантите
Иран ги отфрли западните критики за нередите на протестите по смртта на 22-годишна жена во притвор за наводно кршење на правилата за облекување. Во нередите загинаа десетици луѓе и беа уапсени над 1.200 лица.
-
Свет 27.09.2022 09:37
Нови гранатирања во Запорожје
Последен ден од гласањето во четирите украински окрузи за обединување со Русија. Поради референдумот, Велика Британија воведува санкции за руски функционери. И натаму продолжуваат протестите против делумната воена мобилизација. Досега се приведени над 2500 лица.
-
Свет 27.09.2022 09:31
Чешка привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка
Владата на Чешка привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција, изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Вит Ракусан.
Според него годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално ја минале границата, главно од Сирија.
-
Свет 27.09.2022 09:30
Голем пожар во Крањ, евакуирани 67 лица
Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евакуирани 67 лица.










