Последната криза во Вестминстер предизвика лавина реакции на глобалната политичка сцена, но и на домашен терен. Светските лидери во неизвесност од натамошниот развој на британската политика по оставката на премиерот во заминување Борис Џонсон од лидерската позиција на конзервативците.
-
Свет 08.07.2022 09:48
-
Свет 08.07.2022 09:48
Атентат врз поранешниот премиер на Јапонија
Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е во критична состојба откако беше застрелан од зад грб за време на говор во Нара. Приведен е 41-годишен маж идентификуван како Јамагами Тецуја. 67-годишниот влијателен политичар водеше кампања за претстојните парламентарни избори.
-
Свет 07.07.2022 19:08
Турција: Масовно иселување на здравствените работници
Здравствените работници од Турција масовно ја напуштаат земјата поради инфлацијата која достигна речиси 80%.
-
Свет 07.07.2022 18:59
„Бритиш ервејс“ откажува над 10 илјади летови
Поради недостиг на работници, „Бритиш ервејс“ ќе откаже уште 10.300 летови до блиските дестинации во периодот од август до крајот на октомври.
-
Свет 07.07.2022 15:49
Џонсон поднесе оставка од функцијата
Премиерот Борис Џонсон соочен со распадот на неговиот кабинет поднесе оставка. Со тоа се става крај на политичката криза во земјата.
-
Свет 07.07.2022 15:41
Русија соопшти дека воен авион извршил напад врз Змискиот остров
Руската војска соопшти дека руски авион го нападнал Змискиот остров откако украинските војници го подигнаа своето знаме на оваа стратешка станица на Црно Море. Кремљ го објаснува повлекувањето на руските сили оттаму како гест на добра волја.
-
Свет 07.07.2022 12:43
Џонсон подготвен да поднесе оставка
Премиерот Борис Џонсон соочен со распадот на неговиот кабинет се чини дека повеќе нема избор и е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми. Со тоа ќе се стави крај на политичката криза во земјата.
-
Свет 07.07.2022 09:54
Гардата уапси странски дипломати
Иранската револуционерна гарда уапси странски дипломати под обвинение за шпионажа. Според Иранската државна телевизија еден од уапсените е Британец, кој потоа бил протеран од земјата.
Не е познато кога и колку дипломати се уапсени и дали се протерани.
-
Свет 07.07.2022 09:53
Џонсон не попушта и покрај оставките на над 40 министри
Британскиот премиер Џонсон го преживеа најтешкиот ден во својата кариера откако вчера оставка поднесоа над 40 министри и блиски соработници.
-
Свет 07.07.2022 09:52
Украина во фокусот на Самитот Г20
Министрите за надворешни работи на Групата 20 (Г20) на Бали, Индонезија на разговори во кои ќе доминира конфликтот во Украина.










