• Свет 19.09.2022 09:54

    Тајфунот Нанмадол направи хаос, еден загинат и над 60 повредени

    Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а 60-ина се повредени откако тропска бура го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север, кон Токио.

  • Свет 19.09.2022 09:40

    Зеленски најавува нова офанзива

    Украинскиот претседател Зеленски најави нова офанзива на украинската армија, Зеленски смета дека преговори со Русија во овој момент се бесцелни.

  • Свет 19.09.2022 09:27

    Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета

    Велика Британија и светот денеска ја испраќаат Елизабета Втора до нејзиното вечно почивалиште. На погребот ќе присуствуваат стотици монарси, претседатели и премиери, а милиони луѓе долж улиците на Лондон ќе и кажат збогум на кралицата која владееше цели седум децении.

  • Свет 18.09.2022 18:15

    Силен земјотрес во Тајван

    Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Тајван, епицентарот на земјотресот бил во близина на Таитунг кој бил проследен со земјотрес со јачина од 6,4 степени во истото подрачје.

  • Свет 18.09.2022 13:34

    Чешка бара специјален суд за гробницата во Изјум

    Чешка која во моментот претседава со Советот на ЕУ бара формирање „специјален меѓународен суд“ за да се казнат виновниците за убиствата и мачењата во Украина, по откривањето на масовна гробница во Изјум, неодамна ослободениот град во североисточна Украина.

  • Свет 18.09.2022 12:11

    Поплавени патишта и подруми

    Централна Хрватска сè уште се справува со големи проблеми поради дождот кој паѓаше неколку дена. Најтешка е состојбата во градот на Озаљ, каде што биле затворени четири патишта, а водата навлегла во подрумите на куќите. Водостојот на купа во Карловац го надмина рекордното ниво од 1966 година.

  • Свет 18.09.2022 12:10

    Кралот Чарлс домаќин на светските лидери пред погребот на Елизабета Втора

    Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора. Ожалостените чекаа во редици изминатите 24 часа за да ѝ оддадат почит пред нејзиниот ковчег.

  • Свет 18.09.2022 10:08

    Почина девојка претепана од полицијата

    Иранката Махса Амини, која беше претепана од полицијата за морал бидејќи не носела хиџаб, почина откако падна во кома.

    Амини беше уапсена бидејќи наводно не се придржувала до строгите правила за покривање на главата.

  • Свет 18.09.2022 10:07

    Ердоган сака членство во Шангајската организација

    Турскиот претседател Ердоган рече дека сака членство на Турција во Шангајската организација за соработка.

    Турција во моментов е преговарачка земја на организацијата, чии членки се Кина, Русија, Индија, Пакистан, Иран, Киргистан, Таџикистан, Казахстан и Узбекистан.

  • Свет 18.09.2022 10:07

    Лукашенко: Украина ќе биде срамнета со земја

    Белорускиот претседател Лукашенко рече дека САД ја турка Европа во вооружен судир за да се ослабне Русија и да се уништи Белорусија.

Pages