• Свет 18.09.2022 10:07

    Нападнати и приведени учесници, повредени 13 полицајци

    Петмина учесници биле нападнати, 13 полицајци повредени, на настанот во рамки на „Европрајд“ во Белград приведени повеќе од 60 хулигани од насилните групи.

    Според информациите, станува збор главно за странски државјани, од Германија и Албанија.

  • Свет 17.09.2022 17:04

    Инциденти на Парадата на гордоста во Белград, приведен свештеник

    И покрај забраната, учесниците попладнево се собраа за прошетка низ улиците на Белград во рамки на Парадата на гордоста.

  • Свет 17.09.2022 13:06

    Откриена нова масовна гробница

    Властите во Киев тврдат дека откриле нова масовна гробница на североистокот на земјата во областа Харков, која е повторно под нивна контрола. Повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во градот Изјум. Според претседателот Зеленски станува збор за цели семејства.

  • Свет 17.09.2022 09:51

    Нападнат аеродромот во Дамаск, има загинати

    Израел изврши воздушен напад на сирискиот меѓународен аеродром во Дамаск и на некои други места на југот на главниот град на земјата, при што загинаа петмина војници.

    Сириската воздушна одбрана го пресретнала нападот и успеала да собори поголем дел од ракетите.

  • Свет 17.09.2022 09:50

    Пелоси оди во посета на Ерменија

    Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во посета на Ерменија во знак на поддршка за земјата, која се соочува со борба со нејзиниот сосед Азербејџан.

    Се очекува да се сретне со премиерот Никол Пашинјан во Ереван, главниот град, како и со други владини претставници.

  • Свет 17.09.2022 09:50

    Пронајдена масовна гробница во Изјум

    Властите во Киев тврдат дека наводно откриле нова масовна гробница на североистокот на земјата во областа Харков, која е повторно под нивна контрола.

    Повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во градот Изјум. Според претседателот Зеленски станува збор за цели семејства.

  • Свет 17.09.2022 09:19

    Подготовки за погребот на кралицата

    Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора, закажан за в понеделник. Утрово беше извршена проба за церемонијата, во којашто учествуваа илјадници војници.

  • Свет 16.09.2022 15:54

    Русија и Кина ги здружуваат силите

    Рускиот претседател Путин против напорите за формирање на „еднополарен свет“, а кинескиот Џинпинг за играње на улога на „велесила“ со Русија.

  • Свет 16.09.2022 14:01

    Страшно невреме ја зафати Хрватска

    Откорнати покриви, урнати дрвја, превртени камиони по невремето кое зафати делови од Хрватска.

    Најкритично е во регионот меѓу Загреб и Бјеловар. Ветерот достигнувал брзина и од 100 км/ч.

  • Свет 16.09.2022 13:58

    Двајца полицајци избодени со нож во центарот на Лондон

    Двајца британски полицајци беа избодени со нож денеска во центарот на Лондон, напаѓачот е во притвор, пишуваат медиумите, повикувајќи се на Скотланд Јард.

    Полицајците се пренесени во болница, каде им се пружа медицинска помош.

Pages