Севернокорејските власти предупредија дека секоја недела ќе вршат ракетни проби и покрај осудата на меѓународната заедница и зголемувањето на воената тензија со САД.
-
Свет 18.04.2017 11:15
-
Свет 18.04.2017 10:11
Протести против резултатите од референдумот во Турција
Резултатите од референдумот во Турција предизвикаа протести во Истанбул, Анкара и Измир. 51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Нема информации за судири и инциденти за време на собирите.
-
Свет 13.04.2017 13:39
Соработката меѓу Европа и Америка е на најниско ниво
По излегувањето на Британија од Европската Унија, расте незадоволството во Европа од нееднаквоста на земјите членки на Унијата, користењето на еврото и приемот на имигранти. Ова ќе влијае на исходот на изборите во Франција и во Германија оваа година.
-
Свет 11.04.2017 15:31
Црна Гора станува членка на НАТО
Малата Црна Гора, со само 610 илјади жители станува 29-та членка на Северноатлантска алијанса.
-
Свет 11.04.2017 14:22
Шведска: Осомничениот напаѓач од Стокхолм призна дека извршил терористички акт
Осомничениот напаѓач од Стокхолм призна дека извршил терористички акт. 39-годишниот Ракмат Акилов со камион прегази четворица цивили. Многумина беа повредени, а двајца се во критична состојба.
-
Свет 11.04.2017 13:09
По Г7, Тилерсон оди во Русија
На самитот на Г7, министрите за надворешни работи на седумте најразвиени земји усогласија заедничка позиција за сирискиот конфликт, пред посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Москва.
-
Свет 11.04.2017 11:27
Грчките конзервативци ја зголемија предноста пред СИРИЗА
Најновата анкета на грчкиот печат покажа зголемена предност на десноцентристичката партија „Нова демократија“ во однос на левичарската СИРИЗА. Ако се гласаше сега, конзервативците ќе победеа со разлика од 17,5 проценти.
-
Свет 11.04.2017 10:27
Три жртви во пукањето во Сан Бернардино
Двајца возрасни и едно дете загинаа во инцидентот во основното училиште во Сан Бернардино, Калифорнија. Осомничениот со оружје влегол во училницата каде што неговата сопруга со која живеел разделено подучувала деца со посебни потреби.
-
Свет 11.04.2017 10:17
Нил Горсич назначен за судија во американскиот Врховен суд
Нил Горсич е новиот судија во американскиот Врховен суд. Со ова највисокиот суд во САД се комплетираше по смртта на судијата Антонин Скалија пред 14 месеци.
-
Свет 10.04.2017 15:11
Џонсон: Потребни се нови санкции за Русија
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон смета дека би требало да се воведат нови санкции за Русија, доколку Москва не ја повлече поддршката за сирискиот претседател Башар Ал Асад.










