Белгиската полиција верува дека го нашла станот во Брисел во кој се криел еден од џихадистите по нападот во Париз на 13-ти ноември.
Најдени се траги од експлозив и отпечаток од бегалецот Салах Абделслам.
Белгиската полиција верува дека го нашла станот во Брисел во кој се криел еден од џихадистите по нападот во Париз на 13-ти ноември.
Најдени се траги од експлозив и отпечаток од бегалецот Салах Абделслам.
Терористичката организација Ал Каеда, преку видео порака им се закани на Неапол, Рим и Мадрид со терористички напади. Шпанските безбедносни сили веднаш почнаа да ја истражуваат автентичноста на видеото.
Германија се уште е во шок откако медиумите информираа за хаосот за време на новогодишната ноќ, кога полицијата буквално не можела да одговори на повеќе од 100 повици за сексуални напади врз жени во Келн, но и во Штутгарт и во Цирих.
Тензијата меѓу Северна и Јужна Кореја постојано расте. Официјален Сеул на границата со северниот сосед повторно почна со емитување на пропаганда против Пјонгјанг, откако беше извршена пробата на хидрогенската бомба од Пјонгјанг.
Продолжуваат да беснеат пожарите во Австралија. 95 куќи се целосно уништени, 3 лица се водат за исчезнати. Градот Јарлоп кој има историско значење речиси целосно е пеплосан, соопштуваат локалните власти.
Светот мора веднаш да реагира поради ефектот на ураганот Ел Нињо, предупредуваат од ОН. Сушите и поплавите на различните краишта од светот се најсилни од 1998-ма, велат во светската организација.
Изобилните снежни врнежи ја парализираа Tурција. Прекината е наставата во една третина од училиштата низ земјата. Откажани се голем број летови.
Седум лица загинале во сообраќајна несреќа. Автобус ја изгубил контролата и излетал од автопатот.
САД соопштија дека ја предупредиле Саудиска Арабија на можните последици од масовните погубувања, особено за погубувањето на шиитскиот свештеник Нимр Ал Нимра.
Израелски полицајци во Јемен пукале врз Арап којшто се обидел да ги нападне со ладно оружје.
Полицијата го опишала напаѓачот како 17-годишен Арап, жител на Источен Ерусалим, којшто имал израелска лична карта.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун апелираше до Саудиска Арабија и до Иран да ги поддржат мировните напори во Сирија и во Јемен и да избегнат натамошна ескалација на тензијата.