На Тајван најмалку две лица загинаа, а 300 се повредени во „супертајфунот“ Дујуан, кој изутрината го погоди источниот брег на Кина. Бурата беснеела во текот на ноќта во северниот дел на Тајван, каде околу половина милион луѓе останале без електрична енергија.
-
Свет 29.09.2015 11:37
-
Свет 29.09.2015 11:33
Франција ќе продолжи со нападите врз ИД во Сирија
Францускиот министер за одбрана соопшти дека Франција ќе продолжи со воздушните напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, откако земјата бомбардираше камп за обука на џихадисти.
-
Свет 29.09.2015 11:30
Кина: 8.000 нови војници во мировните сили на ОН
Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека Кина ќе даде 8.000 војници во мировните сили на ОН со што ќе стане најголем учесник во мировните мисии, за кои над 50 држави најавија 30.000 нови војници и полицајци.
-
Свет 29.09.2015 10:35
По две години прва средба на Обама - Путин
Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин по две години за време на годишната седница на Генералното собрание на ОН, одржаа 90-минутна средба на која разговарале за состојбата во Украина и во Сирија.
-
Свет 28.09.2015 16:36
По победата на сепаратистите во Каталонија, Шпанија на праг на политичка криза
Поделени мислења и ставови по историските избори во Каталонија. Само ден откако победија партиите кои се залагаат за независност на Каталонија и отцепување за 18 месеци, светските медиуми предупредуваат дека земјата е на чекор до длабока политичка криза. Можна е и граѓанска непослушност.
-
Свет 28.09.2015 15:22
Случај „Фолксваген“: Скандалот се прошири на „Ауди“ и „Порше“
Скандалот со Голф се прошири на Ауди и на Порше. На тестирањата за емисии на издувни гасови паднале 2,1 милиони автомобили на Ауди на светско ниво. Од нив, 1,42 милиони се во Европа, а во Германија дури 577 илјади и уште 13 илјади во САД.
-
Свет 28.09.2015 14:01
Полициска акција во БиХ, се апсат високи функционери
Во неколку градови во Босна и Херцеговина во тек е полициска акција, а меѓу уапсените има високи функционери. Со злоупотреба на исплатата на земјоделски субвенции се поврзуваат пратеник и министерот за трговија од тузланскиот кантон.
-
Свет 28.09.2015 12:09
Евакуирани жители и откажани летови, се приближува тајфунот Дујуан
Над 90 авионски летови се откажани на јапонскиот остров Окинава поради приближувањето на моќниот тајфун Дујуан. На островите Јонагуни и Ишигаки се евакуирани околу 300 жители, а над 100 домаќинства останале без струја.
-
Свет 28.09.2015 12:07
Авганистан: Најмалку 10 жртви во самоубиствен напад на крикет натпревар
Најмалку 10 лица загинаа, а над 50 се ранети во самоубиствен напад за време на крикет натпревар во југоисточен Авганистан. Целта на автомобилот бомба биле локални функционери кои дошле да го следат натпреварот.
-
Свет 28.09.2015 10:37
Трамп предничи кај Републиканците во трката за номинација за претседателските избори
По откажувањето на неколку кандидати, милијардерот Доналд Трамп предничи кај Републиканците во трката за номинација за претседателските избори во САД.










