Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109,000 долари денеска додека Доналд Трамп, кој сигнализираше планови за дерегулација на секторот за криптовалути, се подготвува да положи заклетва како американски претседател.
-
Свет 20.01.2025 14:44
-
Свет 20.01.2025 11:36
Продолжува штрајкот во Србија
Дел од училиштата во Србија го бојкотираат стартот на второто полугодие. Една од причините е поддршката на студентските протести и барања.
Масовните демонстрации во соседството се одржуваат со недели по уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
-
Свет 20.01.2025 11:13
Осум лица го загубија животот во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево
Осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во дом за стари лица во Велики Борак во белградската приградска општина Бараево.
-
Свет 20.01.2025 10:14
Доналд Трамп денеска се враќа во Белата куќа, најави промени без преседан
Под засилени безбедносни мерки, денеска ќе биде инаугуран Доналд Трамп за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави. Трамп ќе положи заклетва на две библии. Вчера изјави дека ќе ја врати гордоста на Америка. Најави промени без преседан.
-
Свет 20.01.2025 09:43
Повеќе од 80 луѓе се убиени по неуспехот на мировните преговори во Колумбија
Повеќе од 80 луѓе се убиени во североисточниот дел на Колумбија викендов по неуспешните обиди на владата да одржи мировни преговори со Националната ослободителна армија.
-
Свет 20.01.2025 09:34
Русија во едно деноноќие извршила 319 напади врз областа Запорожје
Руските сили во изминатите 24 часа извршиле 319 напади врз 11 градови и села во областа Запорожје во Украина. Во нападите нема повредени, но оштетени се станбени згради и инфраструктура.
-
Свет 20.01.2025 09:33
Израелските власти веруваат дека од 251 заложник, само 60 се сè уште живи
Небото над палестинската енклава тивко за првпат по 15 месеци. Измешани чувства и во Израел и во Газа. Три Израелки на возраст од 24, 28 и 31 година се ослободени од заробеништво на Хамас, што го означи првиот чекор во договорот за прекин на огнот.
-
Свет 20.01.2025 08:51
Пожар во дом за стари лица во Србија, најмалку шест лица загинаа
Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.
-
Свет 20.01.2025 08:45
По 15 месеци минати во заробеништво во Хамас, ослободени 3 заложнички
28-годишната Емили Дамари, 24-годишната Роми Гонен и 31-годишната Дорон Штајнбрехер се ослободени по 15 месеци минати во заробеништво на Хамас. Младите жени се вратија во Израел и се со своите семејства.
-
Свет 20.01.2025 08:38
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
Првата пленарна сесија на Европскиот парламент оваа година започнува денеска и ќе трае до четврток во Стразбур, при што европратениците ќе разговараат за програмата на шестмесечното полско претседавање со Советот на ЕУ и ќе коментираат голем број прашања од надворешната политика вклучувајќи го и









