• Свет 23.01.2024 09:43

    Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен на границата меѓу Кина и Киргистан

    Силен земјотрес од 7,1 степен го погоди западно кинескиот регион Шинџијанг. Најмалку 6 лица се повредени.

    Спсувачките екипи се на терен, јавуваат кинеските власти. Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан и Киргистан. Во Алмати, најголемиот казахстански град се повредени 44 лица.

  • Свет 22.01.2024 21:08

    Турскиот парламент утре ќе гласа за членството на Шведска во НАТО

    Турскиот парламент утре ќе гласа за членството на Шведска во НАТО, објави денеска приватниот информативен канал Си-Ен-Ен Турк. Со ова заврши повеќе од една година чекање од страна на западните сојузници на Анкара Турција да го ратификува пристапот на Шведска во Алијансата.

  • Свет 22.01.2024 17:15

    Украина со критика кон Русија за свикувањето состанок на Советот за безбедност на ООН

    Украина ја критикува Русија за свикувањето состанок на Советот за безбедност на ООН, на кој главна тема е испораката на западно оружје за Киев. Според украинскиот амбасадор во организацијата, состанокот е уште еден обид на Руската Федерација да го одвлече вниманието од агресивната војна.

  • Свет 22.01.2024 17:01

    Рон Де Сантис се повлече од претседателската трка во САД и го поддржа Трамп

    Републиканскиот ривал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Рон Де Сантис, се откажа од претседателската кандидатура. Во трка за републикански кандидат за претседател останува Ники Хејли, која во својата кампања ги изедначи Трамп и Џо Бајден како подеднакво лоши.

  • Свет 22.01.2024 16:52

    Повоените планови на Брисел, за Израел се неприфатливи

    Мировен план од 10 точки и решение со две држави, за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт. Шефот за надворешна политика и безбедност, Борел, елаборираше во Советот за надворешни работи во Брисел. Земјите-членки согласни, две држави би обезбедиле мирен соживот.

  • Свет 22.01.2024 14:42

    Војната меѓу Израел и Хамас нема да се реши со употреба на оружје

    Мировен план од 10 точки и решение со две држави за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт-состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел. Шефот на европската дипломатија, Борел елаборира за долгорочно решение на Блискиот Исток.

  • Свет 22.01.2024 14:41

    Роднини на заложниците упаднаа во Кнесетот

    Роднини на израелските заложници упаднаа во Кнесетот и ја прекинаа работата на парламентарната комисија, со порака-„станете од фотелјите, сите и сега“.

  • Свет 22.01.2024 12:07

    Борел со мировен план и процес за мир меѓу Израел и Газа

    Мировен план од 10 точки и решение со две држави за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт. На состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел, шефот на европската дипломатија Борел елаборира за долгорочно решение на Блискиот Исток.

  • Свет 22.01.2024 11:05

    Бурата „Иша“ прави хаос

    Велика Британија го вклучи метео-алармот поради бурата „Иша“ која донесе ветришта од 160 километри на час. Едно лице е повредено додека тешките временски услови предизвикаа сообраќаен хаос низ земјата.

    Откажани се возови и голем број летови, а илјадници домаќинства се без струја.

  • Свет 22.01.2024 10:06

    Над 40 загинати во свлечиште во Јунан

    Најмалку 47 луѓе останаа затрупани по свлечиште во планинската провинција Јунан во југозападна Кина. 200 луѓе се евакуирани, откако областа беше погодена од ниски температури и снег.

    Спасувачите во трка со времето да пронајдат преживеани под урнатите домови.

Pages