Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО. Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, што се очекува да се случи во наредните неколку дена, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент.
-
Свет 23.01.2024 22:17
-
Свет 23.01.2024 16:52
Земјотресот со јачина од 7,1 степени по Рихтер уништи 120 куќи во Кина
Земјотрес од 7,1 степен го погоди западно-кинескиот регион Шинџијанг. Над 120 куќи се оштетени или урнати, има повредени. Спасувачките екипи се на терен.
Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан и Киргистан. Во Алмати, најголемиот казахстански град, се повредени 44 лица.
-
Свет 23.01.2024 16:41
Со посредство на Каиро и Доха во тек се преговори за прекин на огнот во Газа
Во тек се преговори за евентуален прекин на огнот во Газа со посредство на Каиро и Доха, но можностите слабеат со оглед на ескалацијата на нападите, тврдат од катарското МНР.
-
Свет 23.01.2024 14:37
Напади врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Жртви и повредени во руски воздушни напади врз Киев и Харков.
-
Свет 23.01.2024 14:31
Голема полициска акција против нарко банди во Тирана
Во голема полициска акција албанската полиција уапси 273 лица осомничени за производство и продажба на дрога, главно во близина на училишта.
Според тамошното МВР, во акцијата спроведена во Тирана и други градови, биле опфатени членови на седум криминални банди.
-
Свет 23.01.2024 12:36
Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, ставена на агендата на турскиот Парламент
Кандидатурата на Шведска за членство во НАТО и официјално е ставена на агендата на турскиот Парламент. Просто мнозинство од пратениците во парламентот од 600 места е доволно за документот да биде одобрен.
-
Свет 23.01.2024 12:19
НАТО набавува муниција од 1,2 милијарди долари на земјите-членки што доставуваат муниција на Киев
Жртви и повредени во руски воздушни напади врз Киев и Харков, соопштија украинските власти. Погодена е станбена зграда во Харков, се трага под урнатините.
-
Свет 23.01.2024 12:16
Прекин на огнот и ослободување на заложниците во енклавата, предлага Израел
Израел му предлага на Хамас да го напушти Појасот Газа, два месеца пауза во борбите и ослободување на сите заложници што се држат во енклавата како дел од договор во повеќе фази, објави Си-Ен-Ен. На фронтот и натаму жестоки борби.
-
Свет 23.01.2024 09:49
Израел предлага лидерите на Хамас да ја напуштат Газа
Израел му предлага на Хамас два месеца пауза во борбите и да го напуштат Појасот Газа како дел од договор во повеќе фази, објави Си-Ен-Ен. Договорот би вклучувал ослободување на сите заложници кои се држат во енклавата.
-
Свет 23.01.2024 09:45
Најмалку три лица загинаа во руските воздушни напади врз Киев и Харкив
Најмалку три лица загинаа, а десетици се ранети во руските воздушни напади врз Киев и Харкив, соопштуваат украинските власти.










