• Свет 22.05.2026 09:39

    Продолжуваат дипломатските напори за договор

    Пакистан посредува во нов дипломатски обид за договор меѓу Вашингтон и Техеран. Иако има сигнали за приближување на ставовите, збогатувањето ураниум и контролата врз Ормускиот теснец остануваат главни пречки.

  • Свет 21.05.2026 20:08

    Израел чекор поблиску до предвремени избори

    Кнесетот гласаше за распуштање, што е првиот чекор кон следните национални избори во Израел. Гласањето за новиот парламентарен состав треба да се одржи најдоцна до 27 октомври. Според анкетите, премиерот Нетанјаху би можел да ги изгуби изборите.

  • Свет 21.05.2026 19:05

    Се шири еболата во Конго, расте бројот на смртни случаи

    Велика Британија одобри 20 милиони фунти помош за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго. Според најновите податоци, во Конго се регистрирани околу 600 сомнителни и 139 смртни случаи.

  • Свет 21.05.2026 14:23

    САД поднесоа обвинение против Раул Кастро

    САД покренаа обвинение против поранешниот претседател на Куба, 94-годишниот Раул Кастро, поради инцидент од 1996 година, кога кубанската авијација собори два мали американски цивилни авиони. Кастро и уште петмина се товарат за убиство и за заговор за убивање американски граѓани.

  • Свет 21.05.2026 12:15

    Трамп се закани со нови напади врз Иран ако не прифати договор

    Американскиот претседател тврди дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди на нови напади доколку Техеран не прифати договор. Во исто време, Иран го обвини Трамп дека планира повторно војна и се закани со напади надвор од Блискиот Исток.

  • Свет 21.05.2026 10:47

    Киев наскоро ја добива првата транша од ЕУ

    Зеленски очекува првите транши од деблокираниот пакет заем од 90 милијарди евра од Европската Унија да се исплатата во наредните недели. Пакетот за помош има за цел да и помогне на Украина да ги задоволи економските и воените потреби во тековните две години.

  • Свет 21.05.2026 09:11

    Трамп: Преговорите со Иран се во завршна фаза

    Американскиот претседател изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди на нови напади доколку Техеран не прифати договор. Во исто време, Иран го обвини Трамп дека планира повторно започнување војна и се закани дека ќе возврати со напади надвор од Блискиот Исток.

  • Свет 21.05.2026 08:19

    САД покренаа обвинение против Раул Кастро

    САД покренаа обвинение против поранешниот претседател на Куба, 94-годишниот Раул Кастро, поради инцидент што се случил во 1996 година, кога кубанската авијација собори два мали американски цивилни авиони. Кастро се товари за убиство и за заговор за убивање американски граѓани.

  • Свет 20.05.2026 20:02

    Литванија: Тревога поради дронови, НАТО подигна авиони

    Литванија издаде предупредување за воздушна опасност во Вилнус и во делови од источниот граничен регион откако беше детектиран сомнителен дрон во близина до границата со Белорусија.
  • Свет 20.05.2026 19:21

    Земјите членки постигнаа договор за спроведување на трговскиот пакт ЕУ – САД

    Европратениците и земјите членки постигнаа договор за спроведување на трговскиот пакт ЕУ – САД по повеќе од пет часа преговори. Договорот доаѓа по предупредувањата на Трамп за нови царини доколку не биде одобрен до 4 јули, а формално треба да биде потврден во средината на јуни.

Pages