Шокот од цените на енергенсите, кој произлегува од војната на Блискиот Исток, се очекува да влијае негативно врз растот на македонската економија и повторно да создаде инфлаторни притисоци предвидува Меѓународниот монетарен фонд по консултациите со македонските власти.
САД би можеле да ја завршат воената операција против Иран во рок од две до три недели, изјави шефот на Белата Куќа. За Ормускиот теснец, кој Исламската Република го блокираше, Трамп вели дека повеќе не е негов проблем.
Растечките цени на нафтата и гасот во Европа, како резултат на тековната војна со Иран, нема да се вратат на нормални нивоа наскоро, дури и ако утре биде прогласен мир, предупреди Европската унија.
Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица.
Украинскиот претседател објави дека Русија, преку американски посредници, му поставила ултиматум на Киев. Украина има два месеци да ги повлече своите трупи од Донбас, во спротивно Москва ќе го заземе регионот, а условите ќе станат потешки, вели Зеленски.
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз.
На денешен ден, пред 65 години е роден еден од најзначајните автори на современата македонска книжевност – прозаистот и драмски автор Блаже Миневски, писателот што напиша романи, раскази и драми што влијае на текот на македонскиот книжевен развој.
Попова Шапка утрово беше најстудено место во земјава со измерени-3 степени. Во Маврово беа измерени-1 степен, додека во Лазарополе и во Крушево беа измерени нула степени.
На Попова Шапка има и најмногу снег – 57 сантиметри.