Со сведочење на преживеани од пожарот во дискотека „Пулс“, продолжи судењето за кочанската трагедија. Сведоците посочија на низа недоследности. Раскажаа како претходно, но и кобниот ден во локалот не виделе ПП апарат, а и на други концерти се употребувала разна пиротехника.
Вести
-
Македонија 26.01.2026 17:24
-
Економија 26.01.2026 17:10
Камионџиите поставија блокади на граничните премини
Македонските транспортери, заедно со колегите од Србија, БиХ и Црна Гора ги паркираа камионите на граничните премини за влез и излез на товарни возила. Незадоволни се од правилата за престој во „Шенген зоната“ во времетраење од 90 во 180 дена, што ќе важат од април.
-
Македонија 26.01.2026 17:04
Новиот народен правобранител ја презеде функцијата
Функцијата ќе ја извршувам совесно, професионално и непристрасно, истакна новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами.
-
Македонија 26.01.2026 16:57
Власта бара решение за превозниците, опозицијата со забелешки за Николоски
Проблемот со транспортерите мора веднаш да се реши. Порака упатена од Собранието директно до Европската унија и Кипар, како претседавачот на Советот. Трпи економијата, а проблемот требаше да биде решен уште вчера.
-
Македонија 26.01.2026 16:32
Од недела казни преку проектот „Безбеден град“, глобите од 15 до 500 евра
Возачите ќе платат од 15 до 300 евра ако ја пречекорат брзината. Ако поминат на црвено, глобата чини 250 евра, но ќе добијат и забрана за возење од 3 до 12 месеци. Непрописно паркирање ќе им го испразни џебот од 25 до 180 евра, а управување со нерегистрирано возило петстотини евра.
-
Свет 26.01.2026 16:07
Кина покренала истрага против својот врховен генерал, наводно одавал нуклеарни тајни на САД
„Волстрит Џурнал“ објави дека Кина покренала истрага против врховниот генерал Жанг Јуксија, втор човек по Шји Џинпинг, поради сериозни прекршувања на дисциплината и законот, вклучувајќи наводно одавање нуклеарни тајни на САД и примање мито.
-
Македонија 26.01.2026 15:23
Средба Сали- Фотиу
Во просториите на Министерството за европски прашања, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу.
-
Култура 26.01.2026 14:52
„Приказната за Силјан“ во фокусот на февруарската програма на Кинотеката
Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот.
-
Свет 26.01.2026 14:31
Голем пожар во фабрика за бисквити во Грција, најмалку четири лица загинати
Голем пожар избувна во позната фабрика за бисквити во градот Трикала, Грција. Најмалку четири работнички загинаа.
Според сведоштва на локалните жители, пожарот бил придружуван од серија силни експлозии.
-
Македонија 26.01.2026 14:19
Истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител
На полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле четворица кандидати. Нивните имиња не ги соопштуваат од Собранието.










