Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Вести
-
Македонија 17.03.2026 10:07
-
Македонија 17.03.2026 09:33
Денеска евакуација на македонски државјани од Блиски Исток
Денеска уште еден чартер-лет Дубаи-Скопје. Евакуација на 147 лица од Блискиот Исток. Досега со три чартер лета и еден со владиниот авион, беа евакуирани 458 патници, 380 македонски државјани и 78 странци, во најголем дел од соседството.
-
Свет 17.03.2026 09:16
Со нападот врз Иран, Трамп тврди дека спречил нуклеарна војна
Шефот на Белата Куќа не е задоволен од однесувањето на сојузниците и членки на НАТО. Очекувал повеќе затоа што САД потрошиле трилиони долари за нивната одбрана и со неговите постапки во Иран спречил глобален конфликт. Особено е разочаран од Обединетото Кралство.
-
Македонија 17.03.2026 08:51
Денеска без струја делови од неколку скопски општини
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
Според информациите од ЕВН Македонија, прекини на струјата ќе има:
-
Македонија 17.03.2026 08:31
Јавна расправа за Предлог-законот за јавно обвинителство
Во собранието, јавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство. Се предвидува самостоен буџет, строги дисциплински правила, без чување предмети во фиока, често и вонредно оценување на работата на обвинителите.
-
Македонија 17.03.2026 08:15
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 4 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 15 степени.
-
Македонија 17.03.2026 08:04
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, со искази на сведоци на Обвинителството. На последното судење, инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување рече дека во кабарето немало ПП апарати, а споредната врата била затворена со катанец.
-
Македонија 16.03.2026 20:48
Бесплатен јавен WI-FI во паркот „Јане Сандански“
Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет-врска.
-
Македонија 16.03.2026 20:21
Лишен од слобода кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци.
-
Свет 16.03.2026 20:05
Франција: Десницата и левицата во подем на локалните избори
Екстремно десничарската партија Национално обединување и радикалната левица – Непокорена Франција остварија значаен пробив во првиот круг од локалните избори во Франција. Вториот круг е закажан за 22-ри март. Лидерот на Национално обединување повика на сојуз со десницата.










