Освен пари, Владата бара размена на позитивни искуства и техничка помош од меѓународната заедница за да може да го спроведе Планот за чист воздух. Резултатите ќе бидат видливи за две години. Се очекува загадувањето да се намали за 50 насто.
Вести
-
Македонија 10.12.2018 13:54
-
Македонија 10.12.2018 12:15
Вклучен аларм ги одложи судењата за „27 април“ и за „Монструм“
Вклучен аларм ги одложи претпладневните рочишта во Кривичниот суд – Скопје, меѓу кои и за „27 април“ и за „Монструм“.
Поради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.
-
Култура 10.12.2018 11:43
Комеморација за Горан Стефановски во Драмскиот театар
Драмскиот театар Скопје денеска ќе одржи комеморација за неодамна починатиот македонскиот драмски писател Горан Стефановски.
-
Свет 10.12.2018 11:34
Лагард: Протестите во Париз ќе имаат негативно влијание на економијата
„Eкстремно се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните во светот“, оцени извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард во интервју за „СИ-БИ-ЕС“. Според неа, протестите во Париз ќе имаат негативно влијание на економијата.
-
Економија 10.12.2018 11:21
Легализација на земјоделските објекти до крајот на годинава
До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти и фарми на градежно земјиште. Со измените на законот, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата треба да се поднесат во општините на живеење.
-
Македонија 10.12.2018 11:15
Хан: Не верувам во екстрадиција на Груевски
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ порача дека не верува дека експремиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.
-
Македонија 10.12.2018 11:11
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не презема ништо за намалување на аерозагадувањето
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека не презема ништо за намалување на аерозагадувањето во градовите. Затоа од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат сет мерки кои власта треба да ги примени доколку навистина сака да се справува со загадувањето.
-
Македонија 10.12.2018 11:07
Донаторски состанок за намалување на аерозагадувањето
Во Владата се одржува донаторски состанок на кој ќе биде презентирана владината програма за намалување на аерозагадувањето.
-
Македонија 10.12.2018 10:59
Ново рочиште за случајот „Монструм“
Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд.
Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од судска медицина и балистичари.
-
Свет 10.12.2018 10:55
Макрон ќе ѝ се обрати на нацијата, се очекува повик за национално обединување
Францускиот претседател Eмануел Mакрон денеска на разговори со политичари, бизнисмени и синдикални лидери по 4-неделните протести во Франција.
Шефот на француската држава сака да ги чуе ставовите и предлозите за запирање на протестите.








