Кампањата ќе ја водиме транспарентно, директно, без дискриминација и предрасуди, со почитување на вољата на граѓаните, изјави спикерот Џафери во својство на претседател на координативното тело на Собранието, задолжено за спроведување на кампањата за референдумот.
Вести
-
Македонија 07.09.2018 14:20
-
Македонија 07.09.2018 14:13
Мицкоски: Договорот со Грција е неприфатлив, референдумското прашање создава забуна кај граѓаните
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со австрискиот канцелар Курц. Мицкоски посочил дека за нив, членството во ЕУ и во НАТО преставува стратешки државен интерес, но остануваат на ставот дека Договорот со Грција е неприфатлив и ја става земјава во незавидна ситуација.
-
Македонија 07.09.2018 14:08
Утре почнува кампањата „Македонија бојкотира“
Кризниот штаб против референдумот, од утре почнува со кампањата „Македонија бојкотира“. Оттаму велат дека 64 субјекти, меѓу кои политички партии, здруженија од земјава и дијаспората, како и патриотските организации ќе имаат митинзи и средби со граѓани.
-
Свет 07.09.2018 13:22
Бразил: Нападнат претседателски кандидат
Жаир Болсонаро, претседателскиот кандидат од крајната десница во Бразил, е ранет со нож за време на предизборен митинг. Медициснкиот тим соопшти дека процесот на закрепнување ќе трае со месеци.
-
Свет 07.09.2018 13:17
Продолжува дијалогот Белград- Приштина
Во Брисел продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
-
Македонија 07.09.2018 12:59
Курц ги повика граѓаните да гласаат „ЗА“ на референдумот
„Би сакал што повеќе граѓани да излезат на референдумот и да гласаат ЗА“. Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во Скопје. Неговиот став е дека гласањето на 30-ти септември е одлука на граѓаните. Советуваше дека би било добро да има излезност.
-
Свет 07.09.2018 12:30
Шефот на Пентагон во посета на Авганистан
Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис е во ненајавена посета на Авганистан. Во делегацијата е и началникот на оружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд.
-
Македонија 07.09.2018 12:26
Никола Тодоров сведочи за собраниските настани од 27-ми април
Со сослушување на сведокот Никола Тодоров почна денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 07.09.2018 12:22
Владата на РМ упати извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст
Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на сојузниот канцелар, Себастијан Курц, во Република Македонија, со поставувањето на латвиското место австриското знаме пред зградата на Владата.
-
Свет 07.09.2018 12:00
Вашингтон: Има докази за подготовки за хемиски напад во Идлиб
Има многу докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје во регионот Идлиб на северозапад во Сирија, изјави новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри.
Тој предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“.








