Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објави Министерството за финансии.
Утре, според Министерството, по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.
Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објави Министерството за финансии.
Утре, според Министерството, по основ на доспеани обврски, државата треба да ја врати истата сума пари.
Синоќа двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување успеаја да го стават под конторла пожарот на Баба Планина под врвот Пелистер, сепак поради силниот ветар на места се засилувал, но бил спречен од вработените во Дирекцијата.
Шефот на македонската дипломатија кој е дел од делегацијата предводена од премиерот Заев на генералното собрание на ОН, се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт Департмент, Томас Шенон.
Продолжуваат протестите во Сент Луис, Мисури, четврти ден по ред, поради ослободувањето на полицаецот Џејсон Стокли кој уби Афроамериканец.
Демонстрантите се собраа пред затворот за да покажат солидарност со уапсените 120 лица.
Со промената на климата и топлите и сушни лета се зголемува и потребата за воведување современи системи за наводнување кои штедат големи количества вода и го зголемуваат приносот и квалитетот на родот.
Законот за употреба на јазиците нема да биде надвор од Уставот- вакво уверување од владината делегација добила Обединетата Македонска Дијаспора на средбата во Њујорк.
Во Собранието денеска продолжува 12-тата седница на која ќе се расправа за Предлог-законот за стечајците поднесен од владејачката коалиција.
Ураганот Марија во текот на ноќта стана исклучително опасен и достигна јачина од петта категорија, предупреди американскиот Национален центар за урагани. Брзината на ветровите изнесува 260 километри на час.
Жрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати - редоследот на гласачките ливчиња ќе се одржи денеска во 12 часот, соопшти Државната изборна комисија.
Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 72-то Генерално собрание на Обединетите нации. Предвидено е Заев да се обрати на Генералната дебата на 22-ри септември.