Македонија мора да оди напред. Собранието брзо ќе ја избере новата реформска влада на Република Македонија. СДСМ внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните, велат од партијата.
Вести
-
Македонија 24.03.2017 10:42
-
Македонија 24.03.2017 10:38
ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа ја втурнува Македонија во процес на федерализација
Тиранската платформа е против уставна и нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација. Има за цел да ја разнебити Македонија и да ја претвори од мултиетничка во бинационална држава, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 24.03.2017 10:29
Генералниот потсекретар на ОН, Хелен Кларк во посета на Македонија
Генералниот потсекретар на Обединетите нации и администратор на програмата за развој на Обединетите нации, УНДП, Хелен Кларк, е во дводневна посета на Македонија.
-
Македонија 24.03.2017 10:24
Македонија по осми пат дел од акцијата „Час на планетата Земја“
Со исклучување на осветлувањето на одредени локации во Скопје и во Охрид, утре по осми пат Македонија ќе се вклучи во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“.
-
Свет 24.03.2017 10:19
Трамп постави ултиматум за гласањето за новата здравствена програма
Американскиот претседател Доналд Трамп постави ултиматум за гласањето за новата проргама за здравствена заштита познат како „Трампкер“.
-
Македонија 24.03.2017 10:16
Малите парцели проблем македонскиот аграр
Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на македонското земјоделство е проблем за поголемо производство и за намалување на производствените трошоци.
-
Македонија 24.03.2017 09:41
Попоски на средби во Белата Куќа
Првични контакти на македонски претставници со новата администрација во Вашингтон. Шефот на дипломатијата Никола Попоски ја претставил Македонија на средбите во Стејт Департментот и во Белата куќа со директорите за Балкан, и за Европа и Русија во американскиот Национален совет за безбедност, Ерик
-
Македонија 24.03.2017 08:41
АРМ ќе го одбележи преземањето на најголемиот воен објект од ЈНА
Армијата на Република Македонија (АРМ) во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето денеска ќе одржи воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА.
-
Свет 23.03.2017 16:34
Белгија: Спречен терористички напад во Антверпен
Во белгискиот град Антверпен е спречен напад со возило во преполна улица. Полицијата го уапси лицето кое што имало намера да се забие меѓу луѓето. Портпаролот на белгиската полиција потврди дека автомобилот бил со француски регистарски таблички.
-
Економија 23.03.2017 16:21
ДДВ за физички лица- за и против
Намалувањето на прагот за ДДВ од 1,3 на 1 милион денари може да предизвика повеќе трошоци за граѓаните одколку приходи за УЈП, е првичниот коментар на даночните експерти. Ќе биде потребно обработување на податоците, ќе треба да се пополнуваат пријави, да се плаќаат даночни советници.









