Поранешниот изралески премиер и претседател Шимон Перес почина во 93-тата година од животот, две недели откако беше хоспитализиран поради мозочен удар. Лавина од телеграми и пораки со сочувство од светските лидери пристигнуваат во Тел Авив.
Вести
-
Свет 28.09.2016 15:39
-
Македонија 28.09.2016 15:30
Доделени 20 стипендии за универзитетот Шефилд
Дваесет стипендисти ќе заминат на магистерски студии на реномираниот „Сити колеџ“ од Солун. Седмата генерација студенти ќе има можност да учи од најдобрите професори од областа на бизнисот и администрацијата. Нема поисплатлива инвестиција од квалитетно образование.
-
Македонија 28.09.2016 15:25
Десет години од основањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации
Комисијата за заштита на правотo за слободен пристап до информациите од јавен карактер го одбележи 10 годишниот јубилеј од своето основање.
-
Македонија 28.09.2016 15:21
„Напред розово“ против ракот на дојка
Здружението „Борка“ по 8-ми пат ја организира кампањата „Напред розово“, преку која се подигнува свеста за ракот на дојката. Од Здружението предупредуваат бројот на новозаболени е сѐ поголем.
-
Македонија 28.09.2016 15:03
Јанева ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, се пожали на мобинг
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го презентира извештајот за работењето пред Советот на јавни обвинители. По острите реакции, рече дека се врши мобинг врз неа и ја напушти седницата.
-
Свет 28.09.2016 14:49
САД за неколку дена ќе одговорат на барањето за апсење на Ѓулен
Американски претставници им кажале на турските колеги дека САД за неколку дена ќе одговорат на барањето на Турција за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
-
Македонија 28.09.2016 14:41
СЈО: Нова истрага „Трезор“ за економски криминал
Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага „Трезор“, прва за економски криминал. Осомничени се тројца на раководни позиции во УБК и едно лице во МВР за злоупотреба на службената положба и дека го оштетиле буџетот за над 860 илјади евра.
-
Македонија 28.09.2016 14:09
Метео: Сончево и стабилно
Утрешниот ден повторно ќе ни донесе сончево и стабилно време со слаб ветер од северен правец.
Дневната температура во југоисточните делови ќе достигне до 29 степени.
-
Македонија 28.09.2016 13:53
Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“
Дваесет македонски студенти ќе студираат на реномираниот „Сити Колеџ“ во Солун. Претседателот на републиката, Ѓорѓе Иванов по седми пат ги додели стипендиите кои го носат името на трагично загинатиот претседател „Борис Трајковски“.
-
Македонија 28.09.2016 13:17
Кај ГП „Богородица“ пронајдени торби со пушка, муниција и марихуана
Во меѓупросторот помеѓу Македонија и Грција, во близина на задниот дел на напуштениот Фри-шоп, вчера околу 15.00 часот полициски службеници од граничен премин „Богородица“ пронашле патна торба во која имало една автоматска пушка М70 АБ 2 и две празни рамки за муниција.









