Утрово најстуден град во Македонија беше Берово со -5 степени. На Попова Шапка беа измерени -4 степени, додека во Скопје, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола -3 степени.
Најтопло беше во Охрид со измерени нула степени.
Утрово најстуден град во Македонија беше Берово со -5 степени. На Попова Шапка беа измерени -4 степени, додека во Скопје, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола -3 степени.
Најтопло беше во Охрид со измерени нула степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
Министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу денеска е во официјална посета на земјава. Ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.
Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на реката Вардар, проект со кој Скопје добива нов современ спортско-рекреативен простор.
Во Собранието пленарна седница на којашто треба да се расправа и да се гласа за измените на Кривичниот законик, поднесени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Целта е велат, отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување согласно решението на Уставниот суд од пред речиси една година.
Товарниот сообраќај кон Шенген-зоната останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои од завчера поставија камиони на граничните премини.
Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Вчера вечер во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско.
Град Скопје по денешната владина седница очекува да ги добие ингеренциите да постави монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и со што ќе се реши деценискиот хаос во паркирањето. 500 нови паркинг места ќе им бидат на располагање и на пациентите и на здравствените работници.
Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, изразуваме жалење што оваа институција сè почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ор