Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што се одржува под нејзино покровителство.
-
Македонија 26.01.2026 18:02
-
Македонија 26.01.2026 17:24
Ново рочиште за случајот „Пулс“, сведоци раскажаа дека во кабарето и претходно се користела пиротехника, а дел од персоналот бил ангажиран на црно
Со сведочење на преживеани од пожарот во дискотека „Пулс“, продолжи судењето за кочанската трагедија. Сведоците посочија на низа недоследности. Раскажаа како претходно, но и кобниот ден во локалот не виделе ПП апарат, а и на други концерти се употребувала разна пиротехника.
-
Македонија 26.01.2026 17:04
Новиот народен правобранител ја презеде функцијата
Функцијата ќе ја извршувам совесно, професионално и непристрасно, истакна новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами.
-
Македонија 26.01.2026 16:57
Власта бара решение за превозниците, опозицијата со забелешки за Николоски
Проблемот со транспортерите мора веднаш да се реши. Порака упатена од Собранието директно до Европската унија и Кипар, како претседавачот на Советот. Трпи економијата, а проблемот требаше да биде решен уште вчера.
-
Македонија 26.01.2026 16:32
Од недела казни преку проектот „Безбеден град“, глобите од 15 до 500 евра
Возачите ќе платат од 15 до 300 евра ако ја пречекорат брзината. Ако поминат на црвено, глобата чини 250 евра, но ќе добијат и забрана за возење од 3 до 12 месеци. Непрописно паркирање ќе им го испразни џебот од 25 до 180 евра, а управување со нерегистрирано возило петстотини евра.
-
Македонија 26.01.2026 15:23
Средба Сали- Фотиу
Во просториите на Министерството за европски прашања, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу.
-
Македонија 26.01.2026 14:19
Истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител
На полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле четворица кандидати. Нивните имиња не ги соопштуваат од Собранието.
-
Македонија 26.01.2026 13:50
Циклон низ медитеранот, дождливо време во земјава
Поголем дел од државата на официјалната мапа е обоен во жолто боја, аларм со потенцијална опасност од излевање на реките по најавите за обилни врнежи од дожд.
-
Македонија 26.01.2026 13:45
Приоритети на кипарското претседавање
Пред народните избраници во Собранието кипарскиот амбасадор во земјава Андреас Фотиу ги претстави клучните приоритети и насоки на кипарското претседавање со Советот на Европската унија. -
Македонија 26.01.2026 13:38
Свечена изјава на Народниот правобранител
Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селмани стапува на функција, даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши.
Какви се ставовите на новиот омбудсман, Марија Котовска известува од пред законодавниот дом.










