По главниот град од денеска и во Куманово и Тетово започна тестирањето на камерите од системот „Безбеден град“, кои од први идниот месец ќе регистрираат сообраќајни прекршоци. Тестирањето го спроведуваат екипите на МВР.
-
Македонија 25.01.2026 15:39
-
Македонија 25.01.2026 13:13
Охрид се гуши, локалната власт и опозицијата со спротивставени ставови
Аерозагадувањето последните неколку години го позиционира Охрид високо на листата на најзагадени градови во земјава, особено во текот на зимските месеци.
-
Македонија 25.01.2026 11:52
Утре на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител
Утре на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле двајца судии и една јавна обвинителка. И уште неколку други обвинители биле сè уште во фаза на размислување, но, конечната одлука ќе треба да ја донесат најдоцна утре.
-
Македонија 25.01.2026 11:00
Надежи на македонското воздухопловство
Од светски шампион во воздухопловно моделарство, до Воздухопловна академија во Белград. 16-годишниот прилепчанец Лука Најдоски растел со моделите на авиони и со желбата да ги освои височините. Ама и да ги поправа авионите.
-
Македонија 25.01.2026 09:16
Тестирање на системот „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
Системот „Безбеден град од Скопје, продолжува да се тестира во подрачјето на градовите Куманово и Тетово, информираат од МВР. Активностите се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, а постапката ќе се изврши еднократно од 15 до 30 минути.
-
Македонија 25.01.2026 09:08
Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на ноќта, претежно во југоисточните делови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 24.01.2026 19:18
31.Конгрес на социјалдемократите, изгласана доверба на сите партиски тела
Лидерот на СДСМ Венко Филипче е задоволен од денешниот партиски конгрес. Вели бил успешен, со конструктивна расправа, изгласана е доверба на сите партиски тела, заменик-претседател на партијата, централен и извршниот одбор.
-
Македонија 24.01.2026 18:22
Расте бројот на дуални паралелки
Расте интересот за дуалните паралелки. Од стартните седум пред четири години, бројката во Куманово достигна над 90 паралелки. Но, забележан и рекорден одзив од бизнис секторот. Целта е квалитетна практична настава и создавање кадар, кој ќе одговори на реалните потреби на пазарот на труд.
-
Македонија 24.01.2026 17:18
Струмичани на протест го изразија револтот од високото ниво на аерозагаденост
Сакаме чист воздух, локалните и централните власти да превземат конкретни мери а инспекциите да бидат поагилни во откривање и санкционирање на загадувачите. Ова се дел од пораките на струмичани кои излегоа на протест бидејќи Струмица и оваа зима високо котира по штетните ПМ честички.
-
Македонија 24.01.2026 17:02
Грипот во ек, зголемен број на пациенти во амбулантите
Грипот и акутните респираторни инфекции се во пораст, деновиве амбулантите на матичните лекари полни. Во просек дневно по околу 100 прегледи. Пациентите најчесто се жалат на покачена температура, главоболка, болка во мускулите и долготрајна сува надразнителна кашлица.










