За само пет дена бројот на активни случаи на лица со Ковид-19 во Кавадарци скокна на 549 пациенти, поради што Инфективното одделение од тамошната Општа Болница се наполни. Капацитетот од 60 легла е пополнет и од денес пациенти се примаат и во модуларната болница, која има 34 легла.
-
Македонија 07.03.2021 15:45
-
Македонија 07.03.2021 15:19
ВМРО-ДПМНЕ со категорично „не“ на предлогот на Заев
Провидна е играта на Зоран Заев и неговиот предлог за широка влада во која баш тој ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е најдобриот показател дека неговата владата е разнишана. ВМРО-ДПМНЕ со категорично „не“ на предлогот на премиерот за учество на опозицијата во власта.
-
Македонија 07.03.2021 14:55
Во две акции запленети повеќе од половина тон марихуана
Лоша вечер за криумчарите на дрога. Во две акции полицијата заплени повеќе од половина тон марихуана. 424 килограми фино спакувани во Косово, замаскирани со отпадна стара хартија и натоварени на камион, преку земјава и Грција требало да завршат на турскиот пазар .
-
Македонија 07.03.2021 14:49
Поранешни професионални војници незадоволни од третманот
Професионалните војници кои наполниле 45 години и ја завршиле службата во армијата немаат приоритет при вработувањето во државните институции, реагираат дел од поранешните професионални војници. Се жалат дека наместо нив во противпожарните бригади во општините се вработуваат цивили.
-
Македонија 06.03.2021 17:57
Нови 722 случаи со Ковид-19, починати девет лица
Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица,
-
Македонија 05.03.2021 16:31
Повторно отворена модуларната болница, имунизацијата продолжува во поликлиниката „Букурешт“
Два месеци подоцна, состојбата повторно променета. Повеќе од 300 пациенти со компликации од коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Најголем дел се на кислородна поддршка. Само во изминатото деноноќие се хоспитализирани нови 24-ца болни.
-
Македонија 05.03.2021 16:24
Малите партии со предлог измени на Изборниот законик
Додека двете големи се договараат, малите во Собранието со предлог измени во Изборниот законик. Земјава да е една изборна единица со пропорционален модел, без изборен паг и пресметка со Донтов количник.
-
Македонија 05.03.2021 16:12
Усвоен извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ, во кој е нотирано дека Европската унија треба да покаже јасна политичка волја и да ја одржи првата меѓувладина конференција, што официјално ќе го означи почетокот на пристапните п
-
Македонија 05.03.2021 16:07
Нови 843 случаи со Ковид-19, починати 11 лица
Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово - 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16,Штип –
-
Македонија 05.03.2021 15:09
Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов
По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на избеганиот Игор Спасов, градскиот суд во Софија на 26-ти февруари годинава, донел одлука да дозволи негова итна екстрадиција во земјава.









