Огромна новина е можноста која се отвора да се одржуваат јавни расправи по електронски пат, по оценка на судот, во случај на опасност од одлагање или кога постојат правни пречки.
-
Македонија 09.03.2021 16:16
-
Македонија 09.03.2021 15:49
Од утре до 22-ри март, полициски час од 22 до 5 часот
Владата донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на државата, во временски период од 22 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од 10-ти март до 22-ри март 2021-ва година, соопшти владината прес- служба.
-
Македонија 09.03.2021 15:23
Почна со работа модуларната болница во Куманово
Пуштена е во употреба модуларната болница во Куманово. Болницата која е сместена во близина на инфективното одделение, има капацитет од 33 легла, а веќе се згрижени осум пациенти.
-
Македонија 09.03.2021 15:10
Во поликлиниката „Јане Сандански“ имунизација со руската вакцина
Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизацијата со руската вакцина „Спутник В“, информира Министерството за здравство. Вакциналните пунктови во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
-
Македонија 09.03.2021 14:59
Со полицискиот час ќе се лимитира групирањето на младите
Забрзаното ширење на Ковид-19 и мутациите, но и преполнетоста на болничките капацитети, придонесе за повторно воведување на полицискиот час. Ограничувањето на движењето е од 22 до 5 часот изутрина. Граѓаните велат мерката треба да биде поригорозна за да има резултати.
-
Македонија 09.03.2021 14:49
Владата донесе одлука да се воведе полициски час
Владата на денешната седница донесе одлука за повторно воведување на полициски час. Поради растот на бројот на новозаболени од Ковид- 19, Комисијата за заразни болести предложи ограничување на движењето од 22 до 5 часот изутрина во целата држава.
-
Македонија 09.03.2021 13:27
Царовска: Не се размислува за нови мерки за училиштата
Засега не се размислува за нови мерки во училиштата, иако во земјава има раст на заболените со Ковид-19. Министерката за образование Мила Царовска уверува дека состојбата е стабилна и вели дека нема интерно ширење на коронавиусот.
-
Македонија 09.03.2021 13:18
Спасовски: Полицискиот час е непопуларна, но неопходна мерка
Одлуките што мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, но, тие се резултат на однесувањето на сите нас, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи ја седницата на владата за враќање на полицискиот час.
-
Македонија 09.03.2021 12:40
Велес: Квалитетна вода за пиење нема за сите жители
Иако само реката Вардар ги дели од центарот на Велес, дел од жителите на месноста Речани, пијат вода од бунари и хидрофори, немаат ниту канализација.
-
Македонија 09.03.2021 12:05
Мартовската плата повисока за 5% за сите вработени во здравствените установи
Зголемување за 5% на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.










