Ова е дел од видеото што го објави неделникот Фокус според кое на непозната локација рачно се изработувале пасоши. Полицијата тврди дека станува збор за тенденциозни монтажи и измислени обвинувања.
-
Македонија 28.11.2014 19:09
-
Македонија 28.11.2014 17:18
Метео
Во текот на утрешниот ден ќе преовладува умерено до значително облачно време, по котлините со појава на магла. Ќе дува и слаб ветер од југо-источен правец.
За подетални информации гледајте МЕТЕО со метеорологот Ирена Лазарова - Димитровска
-
Македонија 28.11.2014 17:17
Попоски: Нема сигнали дека Грција сака да ја отстрани блокадата
Шеста година по ред Европската комисија дава препорака, а Советот на министри ја одложува одлуката за почеток на преговорите, поради една земја членка со која имаме билатерален спор - овој испробан рецепт изјави шефот на македонската дипломатија по средбата со амбасадорите на земјите членки во ЕУ
-
Македонија 28.11.2014 17:03
Верските лидери помеѓу религијата и политиката
Толеранција, соживот и почитување на различниот. Од една страна декларативни заложби, од друга изјави кој ја преминуваат црвената линија.
-
Македонија 28.11.2014 16:35
Фрапантни податоци од превентивните прегледи на матичните лекари
Застрашувачки податоци откако матичните лекари преветивно прегледаа граѓани што ништо не ги боли. Кај 55.000 е откриен ризик од срцеви заболувања, кај 45.000 има ризик од дијабетес, а 12.000 имаат ризик од бубрежни заболувања.
-
Македонија 28.11.2014 16:23
Македонија на 9-то место на светската листа по трансплантации од жив донор
Даниела Илиевска девет години живее со бубрегот на нејзиниот татко. Откако се збогува со дијализата на која одеше по четири часа секој ден, вели има нормален живот. Порачува секој кој може да дарува орган.
-
Македонија 28.11.2014 15:46
МО и ГШ: Во случајот на професионалниот војник Манаилов нема повреда на процедурите
Најверојатно професионалниот војник Манаилов го извршил тројното убиство во афект, претпоставуваат невропсихијатрите и психолозите од Воено-медицинскиот центар.
-
Македонија 28.11.2014 15:24
Свечена заклетва на 44 нови волонтери од Мировниот корпус на САД
Мировниот корпус не е создаден како инструмент на дипломатијата, пропаганда или пак идеолошки конфликт туку да им овозможи на американците да имаат поголема одговорност и учество во развојот и мирот во светот - порачал Претседателот Кенеди уште пред 53 години кога го формирал.
-
Македонија 28.11.2014 15:08
Кулиќ в понеделник ќе го достави извештајот за падот на кингерот
В понеделник шефот на тимот што ја спроведува повторната истрага за падот на Кингерот ќе го достави извештајот до македонските власти. Во тек се интерни процедури, тврдат за МТВ извори од Комисијата.
-
Македонија 28.11.2014 14:03
Уште една кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид
Полицијата покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.










