Владата излезе во пресрет на преработувачката индустрија. Дозволен е интервентен увоз на индустриска пиперка и доматно пире.
-
Македонија 12.11.2014 13:15
-
Македонија 12.11.2014 13:07
Осомничениот за тројното убиство во Кавадарци пред јавен обвинител во Велес
Осомничениот за тројното убиство во Кавадарци е изведен пред јавниот обвинител во Велес. Неофицијално, нему ќе му биде одреден 30-дневен притвор.
-
Македонија 12.11.2014 12:54
Исчезна тригодишно дете во Штип
Тригодишниот Чинар Сулејманов од Штип од вчера попладне е исчезнат. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, кој рекол дека детето тргнало кон домот на неговиот дедо и од тогаш му се губи секаква трага. -
Македонија 12.11.2014 11:44
Училишта во Кичево и Охрид останаа без струја
По недостигот со дрва и прекинот на греењето, некои кичевски училишта се соочуваат и со прекин во снабдувањето со струја. Основните училишта Кузман Јосифовски Питу, Санде Штеријовски и Владимир Полежиновски, од синоќа останаа без струја.
-
Македонија 12.11.2014 11:04
Врвни доктори од Лос Анџелес ги обучуваат македонските доктори и психолози во областа на аутизмот
Во текот на изминатава недела, во Република Македонија престојува тим на врвни експерти од областа на аутизмот, со кои Министерството за здравство успешно ја развива соработката. -
Македонија 12.11.2014 10:55
Попоски на прва средба со Јоханес Хан
Во Брисел, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, за првпат ќе се сретне со новиот Еврокомесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
-
Македонија 12.11.2014 10:42
Подготовки за следната сезона: Денови на медитеранска кујна во Охрид
Понудата во нашите угостителски објекти е стандардизирана и монотона. Со цел да се подобри квалитетот на услугите секој ресторан треба да се наметне со сопствен печат и специфична понуда.
-
Македонија 12.11.2014 10:11
Нови трактори за сточарите преку ИПАРД
За кофинансирање на трактори, механизација и опрема за производство на добиточна храна, земјоделското стопанство треба да произведува и млеко.За еден тактор треба да имаат најмалку 5 крави, 150 овци или 30 кози. -
Македонија 12.11.2014 08:41
Измените на Законот за акцизите пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 22. седница чија единствена точка на дневниот ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка. -
Македонија 12.11.2014 08:33
Нова рунда разговори за името во Њујорк
Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денеска во Њујорк ќе се сретне со македонскиот претставник амбасадорот Васко Наумовски и со грчкиот дипломат Адамантиос Василакис.









