• Свет 21.11.2022 09:59

    Вучиќ и Курти на средба во Брисел

    Претседателот на Србија, Вучиќ и косовскиот премиер Курти, на средба во Брисел поради спорот околу регистарските таблички.

  • Свет 20.11.2022 20:23

    Напад во ЛГБТ клуб во Колорадо, има мртви

    Загинати и повредени во престрелка во клуб на ЛГБТ заедницата во американската сојузна држава Колорадо.

    Осомничениот е уапсен, а мотивот засега неутврден иако се претпоставува дека инцидентот бил предизвикан поради омраза кон ова заедница.

  • Свет 20.11.2022 18:10

    Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство

    Почна фудбалската еуфорија. Светскиот Мундијал ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија.

    Со натпреварот Катар-Еквадор во 17 часот во Доха, Катар, почна 22. Светско фудбалско првенство – прво што се игра на есен. Секој од граѓаните со свој фаворит.

  • Свет 20.11.2022 13:00

    Фонд за загуби и штети од климатските промени

    Историски договор на Конференцијата за клима позната како „КОП27“. Ќе се финансираат најсиромашните земји кои се сметаат за најизложени на последиците од климатските промени. Предвидено е и формирање на фонд за санирање на загубите и штетите.

  • Свет 20.11.2022 10:54

    Стартува 22-от фудбалски мундијал

    Се одбројуваат последните часови пред почетокот на 22-от фудбалски мундијал.

    Свеченото отворање е денеска на Ал Баит стадионот во Алкор во Катар. Првиот натпревар е меѓу домаќинот и Еквадор од 17 часот.

  • Свет 20.11.2022 10:21

    Турски авиони гранатираа курдски села

    Турски авиони гранатираа две курдски села во северна Сирија – изјави портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ).

  • Свет 20.11.2022 10:20

    Руски авиони се доближиле до поморска група во Балтичко Море

    НАТО тврди дека два руски борбени авиони и пришле на поморската група 1 која изведувала рутински операции во Балтичко Море.

  • Свет 20.11.2022 10:18

    Борби во Донбас, Британија праќа воена помош

    Продолжуваат борбите на украинските фронтови, најжестоките се во Донбас околу Бахмут. Британскиот премиер Риши Сунак најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 50 милиони фунти.

  • Свет 20.11.2022 10:10

    Годишна Конференција за клима на ОН, позната како КОП27

    Историски договор на годишната Конференција за клима позната како КОП27. Делегатите на Климатскиот самит во Египет официјално одобрија договор за финансирање на земјите во развој кои се најизложени на климатските промени.

  • Свет 19.11.2022 14:38

    Во Бугарија приведени 5 лица во врска со нападот во Истанбул

    Во Бугарија се уапсени пет лица поради логистичко помагање на осомничен за бомбашкиот напад во центарот на Истанбул.

    На авенијата Истиклал загинаа шест лица, а осумдесетина беа повредени.

Pages