Групата платеници кои го убија претседателот на Хаити, Моиз броела 28 лица. 26-мина се државјани на Колумбија, а двајца Американци. 17 од нив се уапсени, а седуммина биле убиени во полициските операции. Се трага по уште осум луѓе.
-
Свет 09.07.2021 09:36
-
Свет 08.07.2021 13:18
Регионот под закана од ширење на делта сојот
Регионот во опасност од забрзано ширење на делта- мутацијата на новиот коронавирус. Србија пред нов бран на Ковид-19. Властите апелираат да се зголеми стапката на вакцинација на населението.
-
Свет 08.07.2021 12:17
Трамп ги тужи социјалните мрежи поради цензура на конзервативците
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднел тужба против Твитер, Фејсбук и Гугл бидејќи ги цензурираат објавите на конзервативното население.
-
Свет 08.07.2021 11:41
Убиени четворица осомничени за атентатот врз претседателот Моиз
Полицијата на Хаити убила четворица осомничени за атентатот на претседателот Жовенал Моиз. Други двајца се заробени, но се трага уште по неколкумина извршители на смртоносниот напад во домот на лидерот на оваа карипска земја при кој беше повредена и неговата сопруга.
-
Свет 08.07.2021 11:19
Авганистан: Владините сили ги враќаат преземените области од Талибанците
Воените сили на Авганистан ги вратија владините објекти во градот Кала-е-Нау кој беше нападнат од Талибанците, што се смета за прва дирекетна офанзива по повлекувањето на американските трупи.
-
Свет 08.07.2021 10:03
Ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад
Ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад. Во воздухопловната база Ал Асад во западниот дел од земјата се повредени две лица.
-
Свет 07.07.2021 13:12
Разговори меѓу талибанците и авганистанските власти
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф во Техеран ги отвори разговорите меѓу талибанците и претставниците на авганистанските власти. Состанокот се одржува во момент кога американските сили се повлекуваат од Авганистан.
-
Свет 07.07.2021 10:11
Делта сојот се шири во Грција, најавени нови ограничувања
Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција забразно расте. Делта сојот е забележан особено кај младите. Најавени се нови ограничувања.
Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.
-
Свет 07.07.2021 09:45
Продолжен карантинот во Сиднеј
Австралија го продолжува двонеделниот локдаун во Сиднеј за уште една недела, за да се спречи ширењето на заразниот делта сој. Градот се бори со најсилниот бран на пандемијата годинава.
-
Свет 06.07.2021 15:08
Климатските промени го покажуваат вистинското лице
Климатските промени го покажуваат своето вистинско лице. Последиците од нив се сѐ почести и сѐ посилни. Силните бури, невообичаено високите температури, пожарите и поплавите стануваат секојдневие.










