Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, и со претседателот на израелската влада Бенјамин Нетанјаху. Во фокусот на разговорите Иран, Блискиот Исток и Северна Кореја.
-
Свет 25.01.2018 12:55
-
Свет 25.01.2018 12:09
Владата на Бугарија го преживеа гласањето за доверба
Владата на Бугарија го преживеа изјаснувањето во Парламентот за изгласување недоверба во кабинетот на премиерот Бојко Борисов. Барањето го поднеле опозициските социјалисти кои како аргумент го навеле недостигот од напредок во борбата против корупција во оваа балканска земја.
-
Свет 25.01.2018 11:52
Турски медиуми: Погрешно толкување на разговорот Трамп- Ердоган
Турските медиуми известуваат дека Белата куќа погрешно го протолкувала телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот колега Доналд Трамп.
-
Свет 25.01.2018 11:04
Трамп пристигнува на Светскиот економски форум во Давос
Агендата на американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос опфаќа билатерални средби со британската премиерка Тереза Меј, и со претседателот на изралеската влада Бенјамин Нетанјаху. Разговорите се фокусирани на Иран, Блискиот Исток и на Северна Кореја.
-
Свет 25.01.2018 10:30
Русија: САД си играат со картата на Сирија
Руското Министерство за надворешни работи ги негира обвинувањата од Вашингтон дека руските и силите на сириската влада вршеле напади со хемиско оружје во сириската област Гута.
-
Свет 24.01.2018 17:03
Давос: Политичката и економска елита разменуваат идеи за иднината
Според светските агенции на економскиот форум денешниот ден е во знакот на главните учесници- германската канцаларка Меркел и францускиот претседател Макрон.
-
Свет 24.01.2018 15:19
Германија: Ултрадесничар од АФД премина во Ислам
Функционер на ултрадесничарската партија „Алтернатива за Германија“ поднесе оставка и премина во Исламот. Артур Вагнер си заминал од регионалниот одбор во Бранденбург пред две седмици поради лични причини.
-
Свет 24.01.2018 12:45
Турција: Можно проширување на офанзивата во Сирија
Турската армија тврди дека во воената офанзива во сирискиот регион Африн се убиени најмалку 260 борци на курдската милиција ИПГ и на ИД, а турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу најави можно проширување на офанзивата.
-
Свет 24.01.2018 11:46
Џером Пауел- нов директор на Централната банка на САД
Мнозинството во Сенатот на САД го потврди изборот на Џером Пауел за нов директор на Централната банка. Од 2012-та година Пауел беше дел од бордот на гувернери, а по професија е адвокат.
-
Свет 24.01.2018 11:14
Италија: Евакуација поради опасност од лавина
Четири хеликоптери евакуираа 150 лица од луксузен хотел на италијанските Алпи поради опасност од лавина. Туристите се времено сместени во фискултурна сала во Сан Валентино.










