• Свет 11.04.2025 08:29

    Хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк

    Шестмина загинаа од кои три деца откако хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк. Според снимките на очевидците леталото се распаднало во воздух пред да падне во водата.

  • Свет 11.04.2025 07:59

    Се продлабочува трговската војна меѓу Кина и САД

    Кина и САД ја продлабочуваат трговската војна. Пекинг се спротивстави на Вашингтон и најавите на Трамп за зголемување на давачката за кинескиот увоз на 125 насто, велат-не сакаме да војуваме, но нема ниту да се повлечеме. Најавија нови одмазднички мерки.

  • Свет 10.04.2025 18:20

    Над 150 кинески војници се борат на страната на Русија, уверува Зеленски

    САД и Русија ги продолжуваат преговорите во Истанбул, следната недела се очекува нова рунда разговори меѓу Киев и Вашингтон.

    На фронтот-војна со дронови. И двете страни обвинуваат за напади и соборени беспилотни летала.

  • Свет 10.04.2025 12:49

    Некој добро заработи од променливата царинска политика на Трамп

    Првиот ефект во глобалната економија беше падот на цените на нафтата, и раст на американскиот долар. Валутата се лизна на јапонскиот јен, но зајакна во однос на еврото. Неизвесноста продолжува, актерите во трката по пари и профит се крајно внимателни. Што ново следува од шефот на Белата куќа?

  • Свет 10.04.2025 10:42

    Стотици загинати во ноќниот клуб во Санто Доминго, од под урнатините спасени над 150 луѓе

    Доминиканската Република завиена во црно. Стотици загинати и уште толку повредени по уривање на кров во ноќен клуб во главниот град Санто Доминго. Спасувачките екипи со помош на израелски и порторикански тимови го расчистуваат теренот. Над 150 луѓе се спасени под урнатините.

  • Свет 10.04.2025 08:40

    Киев цел на руски напади

    Киев повторно цел на руски дронови. Москва обвинува за украински удари врз енергетски капацитети, одбиен напад врз компресорска станица во Кубан. Украина соопшти дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на земјата, забележани се двојно повеќе напади во сите правци на фронтот.

  • Свет 10.04.2025 08:10

    Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји

    Американскиот претседател Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји, наградувајќи ги затоа што не возвратиле со контрамерки, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 насто, откако Пекинг му зададе удар на Вашингтон со 84 насто царини за увозот од САД.

  • Свет 10.04.2025 07:49

    Над 150 луѓе спасени, расте бројот на загинати по уривањето на кровот во ноќниот клуб во Доминиканска Република

    Расте бројот на загинати по уривањето на кровот во ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република. Над 150 луѓе се спасени од под урнатините. На екипите ќе им бидат потребни дополнителни 24 до 36 часа да ја завршат потрагата додека теренот се расчистува со тешка механизација.

  • Свет 09.04.2025 18:21

    Постигнат договор за нова влада во Германија

    Шест недели по предвремените избори, Германија има нова влада. Демохристијанскиот и христијанско социјалниот блок постигнаа коалициски договор со социјалдемократите. По ова ќе следува избор на Фридрих Мерц за нов канцелар во Бундестагот.

  • Свет 09.04.2025 18:02

    Царините на Трамп за 60. држави стапија на сила

    Реципрочните царини на Трамп за 60. држави стапија на сила. Најтешко погодена е Кина, за која САД воведе тарифи од дури 104%. Остар пад бележат берзите. Удвојувањето на давачките, кои беа воведени на 54 проценти изминатата недела, се одговор на контратарифите објавени од Пекинг.

Pages