Прв ден по активирањето на строгиот режим за ограничено движење во Италија откако од коронавирусот починаа над 460 луѓе, а повеќе од 9.000 се заболени. Забранети се сите собири. Јавниот превоз и натаму функционира, но образовните институции остануваат под клуч до 3 април.
Вести
-
Свет 10.03.2020 13:45
-
Македонија 10.03.2020 13:30
Беџети и Џафери сведочеа за „Монструм“
„Имав контакти и разговори со повеќе министри, но не се сеќавам што конкретно сме разговарале“, посочи Блерим Беџети, поранешниот министер за правда при сведочењето за „Монструм“. Рече дека остварил средба со семејствата на обвинетите кои од него побарале транспарентен судски процес.
-
Македонија 10.03.2020 13:19
Жалбата одбиена, Вангеловски разрешен
Жалбениот совет при Врховниот суд ја одби поднесената жалба од поранешниот претседател на највисоката судска инстанца, Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет за негово времено оддалечување од вршење на судската функција и функцијата претседател на суд.
-
Македонија 10.03.2020 13:15
Кандидатските листи пред Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот Централен комитет треба да ги потврди кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Засега официјално имиња не се откриваат. Неофицијално, како носители се спомнуваат, генералниот секретар Јанушев и Гордана Силјановска- Давкова.
-
Македонија 10.03.2020 13:02
Заострување на мерките против коронавирусот
Здравствената состојба на сите седум пациенти позитивни на корнавирусот хоспитализрани на Клиниката за инфективни болести е стабилна, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 10.03.2020 12:49
Познати носителите и кандидатите за пратеници на коалицијата СДСМ- Беса
Никола Димитров, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Билал Касами од Беса се носителите на кандидатските листи на коалицијата предводена од СДСМ за претстојните предвремени парламентарни избори.
-
Свет 10.03.2020 12:28
САД ги повлекуваат трупите од Авганистан
САД почнаа да ги повлекуваат трупите од Авганистан во рамките на договорот со Талибанците за постигнување примирје во земјата.
Вашингтон се согласи за 135 дена од потпишувањето на спогодбата да го намали бројот од 12.000 на 8.600 војници.
-
Македонија 10.03.2020 12:26
МНР препорачува да не се патува во Италија
Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со вирусот Ковид-19 во Италија, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија, соопштуваат од Министерството за надворишени работи.
-
Македонија 10.03.2020 12:05
Лекарската комора не може да ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести
Лекарската комора не може да ѝ ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, заразена со коронавирус, бидејќи во Законот за здравствена заштита не постои таква можност.
-
Македонија 10.03.2020 11:37
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го загрозува здравјето на граѓаните
По серијата пропусти, Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ќе поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство. Побара одговорност и оставка од ресорниот министер.






