Европското знаменце е смоквин лист на Законот за јазици, за да се прикрие неуставноста во неговото носење и правењето на албанскиот за службен јазик, сметаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на првиот ден од комисиската расправа.
Вести
-
Македонија 05.09.2017 16:15
-
Свет 05.09.2017 15:46
Ураганот Ирма достигна петта категорија, наредена евакуација
Ураганот Ирма премина во петта категорија. На Карипските острови е издадено предупредување. Ветерот достигна брзина од 220 километри на час, а Националниот центар за урагани прогнозира и интензивирање во наредните 48 часа, како и поројни дождови.
-
Економија 05.09.2017 15:42
Раст на извозот од 11,6 проценти во периодот јануари- јули
Извозот во периодот јануари - јули 2017 година бележи раст од 11,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, вредноста на извозот изнесува 3.045.862.000 долари.
-
Македонија 05.09.2017 15:31
Регионална соработка за подобро справување со безбедносните предизвици
На мирот и безбедноста во регионот влијаат многу фактори. Покрај оние внатрешните, како што се степенот на демократијата, владеењето на правото и правната држава голем удел има и новата констелација на меѓународните односи.
-
Македонија 05.09.2017 15:13
Промовирани 120 учебници за основно образование на Брајово писмо
Учениците со оштетен вид кои ќе ги читаат овие книги нема да губат време да препишуваат или да молат некој за да им диктира и да им прочита, како што јас го правев тоа- раскажува Беира Салифоска, поранешешен ученик во „Димитар Влахов“.
-
Македонија 05.09.2017 15:09
Претседателот Иванов на економски форум во Полска
Претседателот Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Полска. Иванов се обрати на официјалната сесија на отворањето на Економскиот форум во Крињица–Здруј, на тема „Незавршена интеграција–аспирации на европските земји“.
-
Македонија 05.09.2017 14:56
27 независни кандидати за градоначалници се пријавиле во ДИК
На локалните избори самостојно ќе трчаат 27 кандидати за градоначалници. До синоќа на полноќ до Државната изборна комисија се поднесени и 48 независни листи на кандидати за советници. Најмногу кандидатури се поднесени од Македонски Брод- 12, четири во Петровец и три во Радовиш.
-
Македонија 05.09.2017 14:20
Антикорупционерите го одбија приговорот на Андонов
Антикорупциската комисија го одби приговорот на Оливер Андонов, поранешниот директор на ЈП „Јасен“ дека бил незаконски разрешен. Според антикорупционерите одлуката за разрешување е донесена на 5-ти август, ден пред распишувањето на локалните избори.
-
Свет 05.09.2017 14:16
Куба: Транзиција за крај на ерата на семејството Кастро
Куба го почна петмесечниот политички период на транзиција по кој се очекува да заврши шестдецениското владеење на браќата Кастро.
-
Македонија 05.09.2017 12:52
Спасовски во посета на СВР- Охрид
Безбедносната состојба во охридскиот регион е добра, но треба дополнителен ангажман за спречување на обидите за нејзино нарушување, оцени министерот за внатрешни работи Спасовски. Недостогот на полицајци ќе се решава со нов конкурс и со прераспоредување.










