Нестабилно време со пороен дожд и грмежи вчера беа зафатени охридско-преспанскиот регион, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево, а подоцна нестабилно беше во скопската котлина особено во источниот дел.
Вести
-
Македонија 08.06.2017 10:19
-
Свет 07.06.2017 17:21
Кристофер Вреј- нов директор на ФБИ
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Кристофер Вреј за нов директор на Федералното Биро за истраги. Според Трамп, Вреј има беспрекорни акредитации за местото директор на ФБИ.
-
Македонија 07.06.2017 17:18
Македонските археолошки достигнувања презентирани во Белград
Во САНУ во Белград по повод 70-годишниот јубилеј на Српскиот археолошки институт се одржа Меѓународен симпозиум за праисториска, класична и средновековна археологија со учество на повеќе археолози, класични историчари и палеонтолози од регионот и пошироко.
-
Свет 07.06.2017 17:02
Мјанмар: Исчезна воен авион со 116 луѓе
Авион на војската на Мјанмар со 116 патници и членови на екипажот исчезнал од радарите, а агенциите јавуваат дека биле пронајдени делови од леталото во море.
Се верува дека во авионот се наоѓаат членови на семејства на војници кои се наоѓаат во крајбрежни бази.
-
Култура 07.06.2017 16:59
Концерт на турскиот етномузичар Омер Фарук Текбилек за старт на Скопско лето
Со концертот на турскиот етно музичар со меѓународна кариера Омер Фарук Текбилек, на 21-ви јуни во Македонската опера и балет ќе се отвори 38. Скопско лето. Текбилек, свири на специфични традиционални инструменти неј, саз, тарабука, кавал и зурла. Живее и твори во САД.
-
Македонија 07.06.2017 16:52
Средба Груевски- Хан во Брисел
Време е на Македонија да ѝ се дозволи да оди напред во процесот на станување полноправна членка на Европската унија- ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му го пренесе на еврокомесарот за преговори за проширување, Јохаес Хан на средба во Брисел.
-
Македонија 07.06.2017 16:40
Порој: Се расчистуваат последиците од излевањето на реката
Делот од магистралниот пат Тетово- Јажинце, кај Порој сѐ уште е блокиран. Два дена по невремето и излевањето на Поројска река, селото уште е со низа проблеми. Дел е без вода за пиење и отсечено поради урнатиот мост. Поплавеното земјоделско земјиште не е расчистено.
-
Македонија 07.06.2017 16:26
Хан: Прибе и експерти на ЕК ќе помагаат на Владата во реформите
Како дел од подготвеноста на Европската унија да работи со новата Влада на реформите, повторно испраќам група независни експерти за владеење на правото што ќе бидат предводени од Рајнхард Прибе, и што ќе помогнат за системски прашања, пишува во соопштението на еврокомесарот за соседска политика и
-
Македонија 07.06.2017 16:03
Прекината блокадата на железничкиот сообраќај
Прекината е блокадата на железничкиот сообраќај. Синдикатот на машинскиот персонал и Министерството за транспорт и врски договориле зголемување на коефицинетот на сложеност на работното место од 2,7 на 2,85. Повторно ќе се исплаќа и додатоците на плата за прекувремена, ноќна и работа за викенд.
-
Македонија 07.06.2017 15:56
Мицковски: Заев излажа дека во буџетот се останати само 6 милиони евра
Од ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференција изјавија дека е опасно човек како Заев, на неговата позиција да ги релативизира сите прашања и да бега од конкретни одговори и одговорност.









