Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го осуди бегството на екс- премиерот и поранешен лидер на партијата Никола Груевски и смета дека е важно да се лоцира вината за тоа како се случило и кои се потпомагачите .
-
Македонија 23.11.2018 10:42
-
Македонија 23.11.2018 10:39
Димитров на министерски состанок во Солун
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.
-
Македонија 23.11.2018 10:35
Состанок на Мешовитиот управувачки комитет меѓу владите на Македонија и Германија
Иницијалниот состанок на Мешовитиот управувачки комитет меѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, формиран за продлабочување на економските односи меѓу двете земји ќе се одржи денеска во Владата.
-
Македонија 22.11.2018 16:55
Метео: Променливо облачно, температура до 14 степени
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини можна е појава на утринска магла.
Утринската температура на воздухот на места ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.
-
Македонија 22.11.2018 16:37
Спасовски: Се утврдува како избега Груевски
Внатрешната контрола на МВР и Обвинителството сѐ уште истражуваат како избегал експремиерот Никола Груевски од Македонија во Унгарија и кој му помогнал, информира министерот Спасовски. Во двете институции се отворени истраги. Појасни дека се контактира со сите служби во регионот.
-
Македонија 22.11.2018 16:30
Шекеринска: Македонија ќе стане земја- членка на НАТО во првите три месеца од наредната година
НАТО високо ја оценува професионалноста и обученоста на македонските војници во мировната операција во Авганистан.
-
Македонија 22.11.2018 16:28
Поднесени две обвиненија во предметот „Талир“
Истрагата на Специјалното обвинителство за случајот „Талир“ резултираше со две обвиненија. До Кривичниот суд се доставени докази за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за нелегална градба на седиштето на партијата.
-
Македонија 22.11.2018 15:50
Одбележан Денот на албанската азбука
Со повеќе настани во Скопје и Битола се одбележува Денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес. По тој повод во земјава пристигна и албанскиот претседател Илир Мета, кој заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја посетија Скопската чаршија и споменикот на Скендер Бег.
-
Македонија 22.11.2018 14:48
ЕК: Потребни се објаснувања од Унгарија за одлуката за азил
Европската комисија го дели ставот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. дека одлуката да му се додели азил на Никола Груевски заслужува дополнителни објаснувања од страна на унгарските власти.
„Нема бегање од владеењето на правото“, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Скинас.
-
Македонија 22.11.2018 14:28
Нов тип терапија за пациентите со Хепатит Ц
Луѓето со Хепатит Ц ќе се лекуваат со нова терапија – најавија од Министерството за здравство. На Инфективната клиника веќе се регрутираат пациенти кои ги исполнуваат условите за отпочнување со третманот.










