Прекугранична соработка и претприемништво. На оваа тема дискутираа претставници на централната и локалната власт, стопанствениците, како и делегација од Албанија, на конференцијата организирана од Сојузот на стопански комори на Македонија.
Вести
-
Економија 11.02.2015 16:52
-
Македонија 11.02.2015 16:43
Поплавите во Пелагонија запреа- следува проценка на штетите
Поплавите престанаа. Околу две третини од обработливите површини во битолскиот дел на Пелагонија се под вода. Најголем процент отпага на ЗК Пелагонија. Тука поплавени се 8,5 илјади хектари, а штетите ќе бидат милионски.
-
Свет 11.02.2015 16:33
Во Минск се решава судбината на Украина
Очите на светската јавност вперени во Минск. Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција се среќаваат на состанокот за решавање на украинската криза.
-
Свет 11.02.2015 16:27
Парламентот и даде доверба на грчката влада
Грчкиот парламент и даде доверба на мнозинската радикално левичарска влада брзо по изборите и пред клучните преговори со еврозоната. Пратениците го поддржаа премиерот Ципрас да договори нови услови за отплата на долгот кон меѓународните кредитори.
-
Македонија 11.02.2015 16:21
Состојбата на ракометарката Мечевска сеуште критична
Ракометната репрезентативка Мечевска се уште е во животозагрозувачка состојба. Има сериозни повреди на ’рбетот и ребрата и приклучена е на апарати на интензивното одделение во Карил, вели за МТВ доктор Спировска.
-
Економија 11.02.2015 16:11
Британска „Ендава“ го почна бизнисот во Македонија
Брзиот економски раст, уште поинтензивниот развој на информатичкиот сектор и високообразовниот кадар беа клучните причини поради кои го одбравме Скопје меѓу 40 други градови.
-
Свет 11.02.2015 15:40
Странските дипломати се повлекуваат од Јемен
Странските дипломати се повлекуваат од Јемен. По американската, затворени се и британската и француската амбасада во Сана.
Шиитските бунтовници ги освоија главниот град и поголем дел од земјата, која е во длабока политичка криза.
-
Македонија 11.02.2015 15:24
Уставен суд: Маркирањето на палците се исфрла од употреба
Маркерот со кој се обележуваа палците на граѓаните за време на гласањето се исфрла од употреба. Уставниот суд донесе едногласна одлука со која оваа законска одредба се смета за противуставна.
-
Македонија 11.02.2015 14:59
Водата во Штип е безбедна за пиење
Водата во Штип е безбедна за пиење и престанува да важи забраната за нејзино користење.
-
Економија 11.02.2015 14:56
Во АВРМ формиран Совет на работодавачи
Во Агенцијата за вработување е формиран Совет на работодавачи, кои ќе учествуваат во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила.
Советодавното тело ќе биде филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на трудот.










