Полицијата изутрината го приведе Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на 27-ми април минатата година. Приведен е од домот на улицата „Цане Коњарец“ во Прилеп каде беше во куќен притвор.
Вести
-
Македонија 03.04.2018 16:32
-
Македонија 03.04.2018 16:22
Словенечкиот премиер ја почна посетата на Македонија
Словенечкиот премиер, Миро Церар ја почна дводневната официјална посета на Македонија. Пред Владата, церемонија за пречек.
Церар ги почна активностите со тет-а-тет состанок со премиерот Заев, по што ќе продолжи со билатерална средба меѓу претставниците на двете земји.
-
Македонија 03.04.2018 16:18
Суспендиран раководител во АМС, комисијата ќе треба да ја надомести штетата
Тројцата поети кои биле дел од Комисијата што дала зелено светло за печатење на спорната поезија во целост да ја надоместат штетата. Одговорноста е нивна и на раководителот на секторот за млади во Агенцијата, кој заработи суспензија откако навидум прегледаните песни ги однел на печатење.
-
Македонија 03.04.2018 15:58
Македонија има алтернатива, но ЕУ и НАТО се најдобра опција
Македонија се наоѓа во рана фаза од преговорите поврзани со членство во НАТО.
-
Економија 03.04.2018 15:56
Инвеститорот „Баумер“ доби владина поддршка во ТИРЗ Бунарџик
Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината, со Нацрт – договор за долготраен закуп за компанијата „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.
-
Македонија 03.04.2018 15:43
Академиците му оддадоа последна почит на Цветан Грозданов
Најеминентиот историчар на уметноста, византолог со светска репутација, врвен научник, човек чиешто дело сведочеше за раскошната култура и уметност на македонија, дело кое му донесе престиж кој далеку ги надминува рамките на македонската и балканската културна историја.
-
Македонија 03.04.2018 15:38
ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ја подготвува интерпелацијата
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ја подготвуваат интерпелацијата за владата која најверојатно ќе ја поднесат по Велигденските празници. Спикерот Џафери има три дена рок по поднесувањето да закаже седница на која ќе се дебатира и гласа за доверба на Владата.
-
Свет 03.04.2018 15:14
Грушко: НАТО си пукаше в нога
„По претерувањето на руските дипломати од северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО- Русија“, изјави рускиот заменик- министер за надворешни работи Александар Грушко.
-
Економија 03.04.2018 14:56
Поделена надлежност за ЕЛЕМ, МЕПСО и МЕР, целосна либерализација на енергетскиот сектор
Владата ќе биде одговорна за ЕЛЕМ, надлежно за МЕПСО ќе биде Министерството за транспорт и врски, а за Македонски енергетски ресурси- Министерството за економија. Изготвен е новиот Закон за енергетика, наскоро влегува во собраниска процедура.
-
Свет 03.04.2018 14:20
Германија: Обвинителството бара екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија
Германски обвинители бараат дозвола за екстрадиција на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија, каде што е обвинет за поттикнување бунт.










