Утре во Македонија ќе се задржи сончево тивко и потопло време со појава на мала облачност.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје се очекува дневна температура од 23 степени.
Утре во Македонија ќе се задржи сончево тивко и потопло време со појава на мала облачност.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Во Скопје се очекува дневна температура од 23 степени.
СДСМ ја зароби државата, со тоа и целото општествено, а економското работење падна на колена, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Рускиот претседател во дводневна посета на Турција на средби со лидерите на земјата-домаќин и на Иран. Во агендата на Путин, церемонија по повод почетокот на изградбата на првата турска нуклеарна централа „Акују“ што ќе се гради во близина на пристаништето Мерсин, на брегот на Средоземното Море.
Железничкиот сообраќај во Франција е парализиран поради штрајкот на вработените во државната железница. Само 15 насто од брзите возови и 25 отсто од регионални ќе сообраќаат на 3 и 4 април. нормален возен ред е предвиден за Возовите што оперираат меѓу Франција, Белгија и Холандија.
Утрово прилепската полиција го привела Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на 27-ми април, кој беше во куќен притвор.
Ченто бил приведен со образложение дека при проверката на 30-ти март, полицијата не го нашла дома, што според неговиот татко не е точно.
Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26 годишно лице, поради постоење основано сомневање дека сторило во обид кривично дело „убиство“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Ново продолжение на судскиот процес за Насилството во општина Центар.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Oсновно јавно обвинителство- Скопје против поранешен министер за здравство, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Датумот на идната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас сѐ уште не е утврден, велат од МНР, коментирајќи ги наводите на грчките медиуми дека идната средба ќе биде на 12-ти април, а потоа разговорите, наводно, ќе се водат на ниво на премиери.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли тврди дека Владата работи на формирање Заедница на српски општини, но не може да предвиди дали тоа ќе биде остварено за три недели, односно до 20-ти април.