Според последните податоци од Министерството за здравство, во моментов се активни 14.077 случаи на заразени со Ковид-19. Најголем број активни случи има во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово. Од почетокот на пандемијата досега во земјава заболеа 175.624, а починаа 5.901 лица.
-
Македонија 31.08.2021 10:01
-
Македонија 31.08.2021 09:54
ЕУ ја отстрани Македонија од ковид- листата на безбедни земји
Советот на ЕУ ја отстрани Македонија од списокот на безбедни земји поради бројот на новозаболени со Ковид-19, кој секојдневно расте. Од списокот се отстрануваат и Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Северна Македонија, Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 31.08.2021 09:32
Пристигнаа 149 авганистански граѓани, Османи вели- на дело ја демонстрираме нашата солидарсност
Преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во земјава.
-
Македонија 31.08.2021 09:20
Шефот на грчката дипломатија, Дендијас денеска во Скопје
Мистерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас денеска во посета на земјава. Ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-
Македонија 30.08.2021 15:39
Досега 21 независен кандидат за градоначалник ги собрале потребните потписи, уште 15 имаат рок до полноќ
Засега се собрани потребните потписи за 21 независен кандидат за градоначалник за локалните избори во октомври, а во тек е за за уште 15 листи. Крајниот рок истекува на полноќ, информираат од Државната изборна комисија.
-
Македонија 30.08.2021 15:28
Со маски и строги протоколи учениците се враќаат во клупите
Мерење температура, дезинфекција на раце, а потоа на час со маски на лице. Под строго утврдени протоколи ќе стартува уште една учебна година во пандемија. Училиштата ги прават последните подготвки за да одржат настава со физичко присуство.
-
Македонија 30.08.2021 15:03
МЗ: Учебната година почнува со физичко присуство, апелираме родителите да се вакцинираат
Оваа учебна година започнува редовно, со физичко присуство во основните и средните училишта, а ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи.
-
Македонија 30.08.2021 14:59
Пополнет капацитетот на модуларната болница во Штип
Новиот бран на корона пандемијата сериозно го зафаќа истокот. Во моментот во Штип активни се 186 случаи, како последица на коронавирусот починаа четворица штипјани, тројца не биле вакцинирани, а еден од починатите бил имунизиран со две дози, но имал коморбидитети.
-
Македонија 30.08.2021 14:45
Ковид-19 се шири во Маврово Ростуше
Во Здравствениот дом во Општина Маврово Ростуше хоспитализирани се 10 лица. Речиси секојдневно вирусот одзема човечки животи. Нема село без позитивни на коронавирусот.
-
Македонија 30.08.2021 14:35
Се очекува мигрантски бран од Авганистан
Најголемиот дел од лицата кои што очекуваме од Авганистан да допатуваат во нашата земја се луѓе кои што им помагале на НАТО-сојузниците, на нашите војници и офицери при превозот, безбедносните или политичките проценки за остварување на целите на алијансата.









