Oд утре почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
-
Македонија 24.02.2021 09:47
-
Македонија 24.02.2021 09:44
Филипче на граничниот премин Табановце ќе ја прими втората пратка вакцини од Србија
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.
-
Македонија 23.02.2021 21:01
Мијалков спроведен во куќен притвор
Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков спроведен во куќен притвор. Тој по два дена потрага и распишана потерница неочекувано се појави во обвинителството да го земе решението за куќен притвор.
-
Македонија 23.02.2021 20:47
Заев: Мијалков немаше друг избор, освен да замине во притвор
Сашо Мијалков се пријави во Обвинителството – премиерот Заев изјави правдата е обезбедена.
-
Македонија 23.02.2021 17:27
Мијалков се појави пред Јавното обвинителство
Екс- директорот УБК, Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство. Изјави дека дошол да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.
-
Македонија 23.02.2021 16:45
Спасовски: Сметаме дека Мијалков е во државава
Полициските проценки укажуваат дека бегалецот Сашо Мијалков сѐ уште не ја напуштил земјава – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Полицијата не го следела Мијалков, туку прикриено го набљудувала, појасни првиот полицаец.
-
Македонија 23.02.2021 16:25
Привршуваат подготовките за меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“
Привршуваат подготовките за реализација на големата меѓународна воена вежба на армискиот полигон Криволак- „Одлучен удар 21“. На вежбата заедно со Македонската армија ќе учествуваат вкупно 2.000 припадници на армиите од САД, Бугарија и Грција.
-
Македонија 23.02.2021 16:13
509 нови случаи со Ковид-19, починати девет лица
Во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Го
-
Македонија 23.02.2021 15:45
Висок процент малолетнички бракови на југоистокот
Малолетнички бракови, невести од по 13, 14, 15 години, сепак се регистрирани во југоистокот. СВР - Струмица која го покрива регионот, за една година регистрирала 47 пријави од родители чии што деца заминале од дома, некои сами се вратиле, а некои се вратени со полициска интервенција.
-
Македонија 23.02.2021 15:32
Оризопроизводителите од кочанско на протест
Незадоволни од откупната цена на оризот и неисплатените субвенции за минатата година, оризопроизводителите од кочанско почнаа со блокада на регионалниот пат Кочани- Штип. Доколку до крајот на месецот не ги добијат субвенциите, најавија целосна блокада на патот еднаш неделно.










