• Македонија 28.11.2018 13:06

    Прв состанок на телото за помирување

    Зад затворена врата, прв состанок на собраниското тело за помирување. На дневен ред драфт- верзијата на законот за амнестија за собраниските настани од 27-ми април, подготвен од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

  • Македонија 28.11.2018 12:53

    Снег на Стража, магла на Плетвар

    На планинскиот превој Стража и во Маврово провејува слаб снег, но тој, како што информира Авто- мото сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.

    На планинскиот превој Плетвар, пак, поради магла има намалена видливост до 50 метри.

  • Македонија 28.11.2018 11:07

    Попладнево протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со антивладини протести. Попладне ќе организира марш од седиштето на партијата до Владата.

  • Македонија 28.11.2018 10:20

    Прв состанок на собраниското тело за помирување

    По неколку неуспешни обиди, прв состанок на собраниското тело за помирување. Според најавите, на дневен ред Предлог- законот за амнестија за собраниските настани од 27-ми април, подготвен од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

  • Македонија 28.11.2018 10:07

    Одземен пратеничкиот имунитет на Груевски

    Никола Груевски остана без пратеничкиот имунитет. Без дебата во Собранието со 62 гласа „за“, пратениците му го одземаа имунитетот на нивниот колега, на барање на Кривичниот суд за шест предмети за кои беше побарана мерка притвор за Груевски.

  • Македонија 27.11.2018 15:53

    Апелацискиот суд ги одби како неосновани жалбите на Јанакиески и Божиновски

    Скопскиот Апелациски суд ги одби како неосновани жалбите на двајцата поранешни високи владини функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски со што тие остануваат во истражниот затвор во Шутка.

    Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.

  • Македонија 27.11.2018 15:50

    Во Собранието расправа за загадениот воздух

    Набавка на нови инструменти за мерење на аерозагадувањето, извештај за детектираните загадени точки во земјава, субвенции за хибридни возила и печки на пелети, пренасочување на товарните возила од централното градско подрачје- се дел од 19- те мерки за намалување на аерозагадувањето кои пратеничк

  • Македонија 27.11.2018 15:36

    Заев: Ќе расте поддршката за уставните измени

    Шефот на Владата, Заев изрази надеж дека и во оваа фаза, но и по јавната дебата за уставните измени, бројката од 80 пратеници ќе се зголеми.

  • Македонија 27.11.2018 15:34

    Дождот ѝ помогна на есенската сеидба

    Иако задоцнет, дождот колку- толку ѝ помогна на есенската сеидба. По октомврискиот сушен период, се пречекорија оптималните услови, но дождот, велат агрономите, не дозволи целосно да пропаднат есенските работи.

  • Македонија 27.11.2018 15:21

    Сослушани вештаци за убиството на Саздовски

    Во Кривичниот суд продолжи судењето против двајцата обвинети за убиството на 20- годишниот Никола Саздовски. Сведочеа вештаци од Институтот за судска медицина. Рекоа дека смртта е последица на тешките повреди на главата.

Pages