Нема да се појави ново магично име, решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија- изјави посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц по средбите со претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис во Брисел.
-
Македонија 12.12.2017 14:39
-
Македонија 12.12.2017 14:28
До 2021-ва Скопје ќе биде зелена европска престолнина
До 2021-ва година, Скопје ќе биде зелена европска престолнина. Новата администрација има цел преку еколошко и модерно системско решение да се растовари метежот во центарот на градот и да се намали емисијата на штетни гасови, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
-
Македонија 12.12.2017 14:22
Заев- Харадинај: Перспектива за соработка, односите насочени кон евроинтеграциите
Македонија и Косово немаат отворени прашања и имаат перспектива за соработка, констатираа премиерите Заев и Харадинај. И двете земји имаат исти евроатлански аспирации, и затоа премиерите се договориле да си помагаат на овој пат.
-
Македонија 12.12.2017 14:18
Метео: Облачно со магла по одделни котлини
Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со појава на магла по одделни котлини и со слаб до умерен на места повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во вечерните часови зголемената облачност ќе донесе врнежи од дожд особено во западните и северните делови.
-
Македонија 12.12.2017 13:41
Субхи Јакупи поднесе оставка од член на ДИК
Уште една оставка во Државната изборна комисија. По претседателот Александар Чичаковски и членовите Виолета Дума и Игор Милев, од функцијата се повлече и Субхи Јакупи, кој во комисијата е на предлог на ДУИ. Оставката ја доставил од Собранието, а парите од бонусите ќе ги врати во буџетот.
-
Македонија 12.12.2017 13:11
ВМРО-ДПМНЕ: За состојбата средби со меѓународната заедница
Судството како и останатите институции се целосно заробени од хунтата, а судовите не одлучуваат според законот, туку според волјата на Зоран Заев, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија нема да дозволи газење на правната држава во која ќе владее правото, а не насилството и безредието.
-
Македонија 12.12.2017 12:25
Судот решава за жалбите за притворот на Димовски и Василевски
Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево се одржа седница на Кривичниот совет по жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Одлуките по жалбите се очекува да бидат објавени во текот на денот.
-
Македонија 12.12.2017 12:23
Шилегов: Преку ново системско решение ќе се растерети градскиот метеж
Проектот Скопје- велоград е еден од приоритетите на градоначалникот на Скопје, Шилегов. Преку ново системско решение, целта е да се растерети градскиот метеж во центарот на градот и последицата од него- штетните гасови.
-
Македонија 12.12.2017 12:13
Заев: Не сме стигнати до таму да разговараме за нови имиња
Немаме стигнато до таму да разговараме за некои нови имиња или слично, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 12.12.2017 10:58
Товарниот и патниот железнички сообраќај во целосен прекин
Товарниот и патниот железнички сообраќај се во целосен прекин. Протестот ќе трае сѐ до исплонувањето на барањата- да се исплати вториот дел за октомвриската плата, но и ноемвриската, најдоцна до 25-ти декември.










