• Свет 12.02.2015 09:44

    Завршија преговорите во Минск, постигнат договор за прекин на огнот

    Во Минск завршија преговорите меѓу претседателот на Русија, на Украина, на Франција и на германскиот канцелар за прекин на конфликтот во Украина. Дипломатскиот маратон траеше повеќе од 14 часа.

  • Свет 11.02.2015 16:33

    Во Минск се решава судбината на Украина

    Очите на светската јавност вперени во Минск. Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција се среќаваат на состанокот за решавање на украинската криза.

  • Свет 11.02.2015 16:27

    Парламентот и даде доверба на грчката влада

    Грчкиот парламент и даде доверба на мнозинската радикално левичарска влада брзо по изборите и пред клучните преговори со еврозоната. Пратениците го поддржаа премиерот Ципрас да договори нови услови за отплата на долгот кон меѓународните кредитори. 

  • Свет 11.02.2015 15:40

    Странските дипломати се повлекуваат од Јемен

    Странските дипломати се повлекуваат од Јемен. По американската, затворени се и британската и француската амбасада во Сана.

    Шиитските бунтовници ги освоија главниот град и поголем дел од земјата, која е во длабока политичка криза.

  • Свет 11.02.2015 14:32

    Над 200 мигранти загинаа во Средоземно море

    Повеќе од 200 мигранти загинаа во Средоземното море, кога потонале чамците во коишто пловеле.

    „Деветмина се спасени по 4 дена поминати на море. Другите 203 ги проголтаа брановите“, соопштија од Комесаријатот за бегалци.

  • Свет 11.02.2015 13:55

    Нафтата може да падне на 20 долари за барел?

    Благиот пораст на цената на нафтата на светските берзи е времен и наскоро цената може да тргне во спротивна насока и да падне до нивото од 20 долари за барел. Ова  предвидување на американската банка „Ситигруп“ го пренесува „Блумберг“.

  • Свет 11.02.2015 10:22

    Борбата против тероризмот и мирот во Европа во фокус на американската стратегија за безбедност

    Продолжување на европскиот проект е стратегија на Соединетите Американски Држави за Европа. Ова било разговарано и на последната средба меѓу американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел.

  • Свет 10.02.2015 16:54

    Без договор со ЕУ, Атина ќе бара други извори

    Доколку пропадне договорот со еврозоната за ублажување на условите за отплаќање на грчкиот долг, Атина би можела да се сврти кон Америка, Русија или кон Кина.

    Според грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, Грција мора да има план „Б“, доколку еврозоната ги одбие нејзините предлози.

  • Свет 10.02.2015 15:55

    Две силни експлозии во центарот на Тирана

    Две силни експлозии денеска одекнаа во центарот на Тирана при што е урната една аптека, уништен е еден стан, но нема повредени. Екпслозиите се случиле во временски интервал од 25 минути.

  • Свет 10.02.2015 13:38

    Грција воведува данок на луксуз

    Во Грција ќе се плаќа данок на луксуз за вкупна вредност на имот поголема од 300 илјади евра. Според најавите, ќе се плаќа и посебен данок на промет на луксузни автомобили, јахти, авиони.

Pages