Француската полиција уапсила осуммина поради учество во мрежа одговорна за испраќање исламски екстремисти во војната во Сирија.
Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе.
Француската полиција уапсила осуммина поради учество во мрежа одговорна за испраќање исламски екстремисти во војната во Сирија.
Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе.
Според САД, санкциите се најдобриот начин да се влијае врз Русија по повод украинската криза и дека со испраќањето оружје во Украина не би се решил проблемот.
Претседателот на европската комисија Жан Клод Јункер ја подржува измената на мисијата на тројката кредитори во Грција. Новиот грчки премиер Ципрас сака да му стави крај на постојниот систем на надзор што го спроведуваат ММФ, Европската комисија и Европската Централа банка.
Западна Бугарија под вода. Состојбата е алармантна, откако изобилните дождови предизвикаа излевање на неколку реки. Сепак, најкритично е на другата страна од земјата, во Бургас, Варна, Добрич, Хасково и Сливен.
Вашингтон го отфрли барањето на кубанскиот претседател Кастро за враќање на територијата на Куба, на која се наоѓа американската поморска база во Гвантанамо Беј, што е дел од напорите за унапредување на билатералните односи со Куба.
Алармантна е состојбата во западна Бугарија, откако обилните дождови предизвикаа излевање на неколку реки. Поплавите ги зедоа и првите жртви. Пет лица загинаа меѓу нив и едно дете, а локалните власти соопштија и дека една жена е исчезната во близина на градот Петрич.
Египетските власти го ослободија од затвор и го протераа новинарот на Ал Џезира, австралијанецот Питер Гресте којшто беше заробен повеќе од една година поради наводна поддршка за Муслиманското братство.