МВР се уште нема информации колку пасоши ќе пристигнат до крајот на идниот месец. 14.900 граѓани чекаат да ги земат пасошите, а засега има резерви за издавање на 4.900.
Вести
-
Македонија 13.02.2020 14:57
-
Македонија 13.02.2020 14:50
Антикорупциска ќе го следи и ќе го санкционира секое прекршување на Изборниот законик
Објавувањето огласи за вработување во државните институции непосредно пред распишувањето на изборите не е добро, иако не е спротивно на законот, велат во Државната комисија за спречување на корупцијата.
-
Македонија 13.02.2020 14:40
14- годишно девојче прва жртва од сезонски грип
Прва жртва од грип во земјава. Поради компликации од вирусот почина 14- годишно девојче на Детската клиника. Освен грипот, детето имало и други заболувања. За една недела се регистрирани речиси 3.700 заболени од сезонски грип. Меѓу нив има и потешки случаи.
-
Култура 13.02.2020 14:26
„Мојот маж“- премиера на Драмски театар според расказите на Румена Бужаровска
Се обидовме да нурнеме во нашите мисли и да трагаме по нашата психа. Да отвориме некои горливи прашања за нашето општество и преку отварање на некои ранливи точки, да проговориме за најголемите стигми и табуа кои се длабоко вкоренети во македонскиот конзервитизам и патријархат.
-
Свет 13.02.2020 14:20
Усвоена резолуцијата за примирје во Либија, Русија не гласаше
Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за прекин на огнот во Либија. Русија се воздржа од гласањето противејќи се на неколку термини во документот подготвен од Британија.
-
Македонија 13.02.2020 14:17
Скопје очекува консензус во ЕУ за одлука за преговори пред Самитот во Загреб
Денешната посета на високите претствници на македонската влада на Париз се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со добивањето на одлука за почеток на пристапните преговори.
-
Економија 13.02.2020 14:11
Јавен повик за развој на плански региони
Ќе се подобрува руралната и патната инфраструктура, а апликациите ќе се поднесуваат преку осум центри за развој. Целта е развој на планските региони и олеснување на пристапот до земјоделските парцели, велат од Министерството за земјоделство. Јавниот повик ќе трае до 25-ти февруари.
-
Македонија 13.02.2020 13:44
ВМРО-ДПМНЕ останува во Собранието
На синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучено 12-ти април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори. Неофицијално, пратеничката група останува во Собранието.
-
Македонија 13.02.2020 13:31
СДСМ со апел за поддршка на Законот за јавно обвинителство
Со Законот за јавно обвинителство не се штити криминалот и нема скриена амнестија, велат од СДСМ. Од партијата уште еднаш со апел до сите пратенички групи за поддршка на Законот. Сѐ уште е неизвесно кога ќе се одржи пленарката.
-
Македонија 13.02.2020 13:20
Спасовски очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат на местото на Мизрахи
По испратеното барање до Собранието за разрешување на министерката за труд и социјална политика Мизрахи, премиерот Спасовски, повтори дека нема компромис со почитување на Уставот и законите. Очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат.

